Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
ЗДРАВЈЕ

Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски

Објавено March 14, 2025 14:37
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска објави дека Владата работи на инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра. 

Мицкоски не откри детали за инвестицијата, но посочи дека се работи за меѓувладин договор со една моќна европска земја, како и дека договорот „ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП“. 

– Очекувам добри вести за македонските граѓани во април и мај на еден меѓувладин договор којшто би го потпишале со многу моќна европска земја кој што ќе се мери во милијарди, не во милиони за проекти во инфраструктурата и во здравството, сега засега. Тоа портфолио може да биде зголемено. Очекувам ваков меѓувладин договор кој што ќе значи повеќе од 10 проценти од БДП, рече Мицкоски. 

Најави дека многу скоро ќе биде објавено за што се работи и дека треба да се почека да завршат преговорите. 

Во однос на поврзувањето со Тирана, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека апелот е што поскоро албанската страна да го заврши проектирањето со коешто Драч ќе биде поврзан со границата и да се заокружи Коридорот 8 во делот на железницата. Автопатското поврзување со Албанија, во случајот со граничниот премин Ќафасан, како што нагласи, напредува добро. Проблем има во делот на Требениште-Ќафасан зашто дел од периметрот на оваа траса е заштитен со УНЕСКО, но се бара решение. 

– Ние нашето ќе си го завршиме, но не гледам од таму дека се проектира железничката пруга која треба Драч да го поврзе со границата затоа што потпишавме договор. Министрите за одбрана на Албанија, Бугарија, Италија и Македонија потпишаа договор во јули во Вашингтон дека овој Коридор 8 треба да биде завршен. Само ние работиме, не гледам дека се работи од страна на другите чинители, рече Мицкоски. 

Во однос на изградбата на спортските сали, Мицкоски кажа дека во моментов се градат повеќе од дваесет сали во десет општини, а планирани се уште толку оваа година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
Следна Статија Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Збришана е целата доверба на народот кон вакцините

Универзитетскиот професор, епидемиологот д-р Драган Даниловски со критики кон претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, доктор Владимир Трајковски. За…

April 10, 2025

Внимание: Кララно кикирики путер во 40 сојузни држави

Производи од кикирики путер на Ventura Foods се повлекуваат низ 40 држави поради можна контаминација со сини парчиња пластика

February 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?