Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река
МАКЕДОНИЈА

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река

Објавено March 14, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена од излезот на Тораница долж целиот тек.

На ден 14.03.2025 година (петок) во правен субјект БУЛМАК, рудник Тораница, Крива Паланка случен е инцидент со истекување на технолошка вода која се користи во процесот на флотација на олово-цинковата руда. Инцидентот се случил во раните утрински часови во периодот од 6.30 до 7.00 часот, настанат како последица на пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води. Оваа вода не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација. Содржи само механички онечистувања, односно водата е заматена. Во меѓувреме дефектот е саниран и е сопрено истекувањето на водата, соопшти ДИЖС.

Од страна на Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС) врз основа на известувањето од страна на правниот субјект се врши вонреден инспекциски надзор преку двајца државни инспектори за животна средина, а за надзорот ДИЖС ќе објави дополнително известување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српските студенти: Единствено што може да се случи на Вучиќ е да го убиjaт
Следна Статија Украина се согласи да ги даде и минералите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Многу врнежи во изминатите 24 часа во Македонија, наврнаа 48 литри дожд

Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 7 часот утрово беше под влијание на длабок циклонски систем со центар…

February 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дали ветото од Бугарија е дел од тие критериуми? Кос вели дека во ЕУ ќе влезат само тие земји што ќе ги исполнат копенхашките критериуми

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на прием кај кралот Чарлс- Средби на македонски и британски министри во Лондон

Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?