Ноќеска околу 3 часот по полноќ во Диско клубот Пулс во Кочани се случил катастрофален и трагичен пожар.
Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.