Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Објавено March 16, 2025 12:49
Сподели
Сподели

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.

Тројца јавни обвинители вршат увид на местото на пожарот во Кочани и ги прибираат сите потребни докази.

Коцевски најави повеќе информации по завршување на увидот, ќе се издадат наредби и бидат сослушани повеќе лица. 

– Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна, брза. Ќе ангажираме вештаци од сите области така што ќе ги видиме причините и ќе видиме чија е одговорноста, рече Коцевски. 

Обвинителот кажа дека во моментот јавните обвинители издаваат наредби во однос на одговорноста како хоризонтална, така и вертикална и евентуалните лица што можат да бидат инволвирани и да има одговорност во овој настан.

Коцевски не откри колку лица досега се приведени, посочувајќи дека во текот на денот и за тоа ќе биде информирано. 

– Откако Јавното обвинителство е известено формиравме тим од петмина јавни обвинители, со тоа што двајца јавнио обвинители од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани. Дел од обвинителитре се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства, посочи обвинителот.

Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, до граѓаните на Кочани и до целиот македонски народ. – Се работи за голема трагедија, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Братот на член на ДНК ја соопшти најлошата вест: Ѓорѓи е меѓу загинатите во пожарот во Кочани
Следна Статија Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 1 јануари 2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Електродистрибуција по невремето: Санирани се 90% од дефектите, без струја беа над 2.300 трафостаници

Вчерашното силно невреме предизвика сериозни оштетувања на средниот и нискиот напон на електродистрибутивната мрежа низ повеќе градови во државата. Поради…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме

Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Савески жали за оставката на Ленче Ристоска

„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин…

April 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?