Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
БАЛКАН

На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани

Објавено March 16, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Владата на Република Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Република Македонија, соопшти српската влада.

„Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ и претседателот Вучиќ утринава разговараа за трагедијата во Кочани во Република Македонија, каде голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено е 18 март да биде Ден на жалост во Република Србија“,се наведува во соопштението на Владата.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата и изрази подготвеност од страна на неговата држава да помогне.

„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“,објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство
Следна Статија Вучиќ: Испраќаме хеликоптери и лекари во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на…

June 30, 2025
БАЛКАН

Падна Владата во Романија: Парламентот изгласа недоверба

Романскиот парламент изгласа недоверба на владата на премиерот Илија Болојан, со што ја собори проевропската влада и отвори нова политичка…

May 5, 2026
БАЛКАН

Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е…

November 15, 2024
БАЛКАН

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање на Кластер 4

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата добила „зелено светло“ за отворање на Кластерот 4 во преговорите за членство во…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?