Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крешник Бектеши сѐ уште е во полициска станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крешник Бектеши сѐ уште е во полициска станица
МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши сѐ уште е во полициска станица

Објавено March 17, 2025 12:07
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.

Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави Тошковски.

За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три сѐ уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.

Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џамбазов за Сара: Имаше очи што зборуваат…
Следна Статија Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците на мобилен месечно зборуваат по 226,57 минути

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.941.996 и е намален за 1,72 проценти во…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот

На свечената церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија даде свое видување Британискиот амбасадор…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?