Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доларот без сила за закрепнување, цената на златото достигна рекордно високо ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Доларот без сила за закрепнување, цената на златото достигна рекордно високо ниво
Blog

Доларот без сила за закрепнување, цената на златото достигна рекордно високо ниво

Објавено March 18, 2025 09:58
Сподели
Сподели

На валутните пазари во вторникот во раното претпладневно тргување, девизниот курс на америакснкиот долар продолжува да се движи околу своето најниско ниво во последните пет месеци во однос на еврото и другите пет главни светски валути додека инвеститорите се обидуваат да сфатат какво ќе биде економското влијание од зголемените глобални трговски тензии.

Тие страуваат од агресивната царинска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, која може да предизвика значително економско забавување, а тоа го поткопува курсот на американската валута, особено во заднината на фактот дека голем број истражувања веќе покажаа слабеење на деловните очекувања.

Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, во вторникот претпладнето изнесуваше 103,44 поени и сѐ уште се движи близу петмесечниот минимум од 103,21 поени, што го допре минатиот вторник. Сега е намален за околу 6 отсто од средината на јануари кога изнесуваше 110,17 поени, што е највисоко ниво во последните две години.

Доларот не доби речиси никаква поддршка од податоците за благиот пораст на продажбата на мало во САД во февруари, по падот од 1,2 отсто во јануари.

Во исто време, еврото се тргуваше околу 1,0919 долари пред гласањето во германскиот парламент за стимулативен пакет од 500 милијарди евра, кој ќе ја финансира инфраструктурата и значително ќе ги промени правилата за задолжување за да овозможи финансирање на одбраната и да ја заживее најголемата економија во еврозоната.

Курсот на доларот, сепак, зајакна во однос на јенот за благи 0,07 отсто, на 149,3 јени. Јапонската централна банка на го започна својот дводневен состанок, на кој се очекува креаторите на монетарната политика да разговараат за ризиците од ескалација на трговската војна на САД врз јапонската економија, што ќе биде клучно за нивните натамошни монетарни потези. Се очекува дека BOJ може повторно да ги зголеми каматните стапки подоцна оваа година.

И со оглед на бројните несигурности кои влијаат на глобалната економија во моментов, инвеститорите имаат зголемена тенденција да инвестираат во побезбедни средства, па цената на унца злато повторно надмина 3.000 долари во вторникот – достигнувајќи рекордно високо ниво од 3.025,4 долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Станков: Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата, за да може роднините да ги подигнат телата
Следна Статија Мицкоски: Бидете сигурни, ниту еден објект кој не исполнува услови нема да биде оставен да функционира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Македонската „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100-те најдобри кафетерии во светот

Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за…

February 24, 2025
Blog

Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok се споменува и милијардерот Илон Маск. Американскиот милијардер Илон Маск за германскиот неделен…

February 9, 2025
Blog

Aзески: Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот

Повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики се планира од наредната година, соопшти…

September 12, 2025
Blog

Извештај: Мајкл Пениx Џуниор ќе биде ставен на повредена листа со оштетување на ACL

Иако моментално не е јасно дали Мајкл Пениx Џуниор ќе ја пропушти остатокот од сезоната 2025, најмалку ќе биде отсутен…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?