Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“
ХРОНИКА

Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“

Објавено March 19, 2025 15:08
Сподели
Сподели

Денеска во кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Сведочеше Велибор Манев, кој одговараше на прашања на Палевски.

Манев рече дека Палевски ја одлепил сивата трака од устата на Вања, и потоа ја сликал со вперен пиштол.

„Откако ја уби, во сино ранче го спакува пиштолот, трите мотороли и нареди на свој послушник да го уништи пакетот“, рече Манев, кој кажа дека не го споменал досега овој момент, за да го заштити човекот кому му било наредено да го уништил пакетот.

– Палевски ја одлепи лентата од устата на Вања за да ја слика. Ја сликаше со пиштолот вперен во Вања, за родителите што побрзо да дадат пари – рече Манев.

Палчо потоа го праша колку луѓе го тепале во полициска станица, за да признае дека Александар е вмешан.

„Во првите 5-10 дена беше страшно, помислував да се самоубијам. Потоа се проретчи“, рече Манев.

Манев додаде дека е свесен дека направил голема грешка со тоа што го посочил Александар, под присила од ќотек, одговарајќи на прашање од адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.

Страшевски му посочи дека со лажниот исказ Манев ја загрозил истрагата.

– Значи вие посочивте лице кое не е виновно, а криевте друго лице, за кое велиtе дека ви било жал да ја поминува истата голгота? – рече Страшевски.

– Си нанесов душевна болка со тоа што го посочив Александар. Не ја попречува истрагата и не ѝ наштетив на истрагата. Многу жалам за тој исказ за Александар, кој беше изуден со ќотек – рече Манев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија преку изготвување на незаконски документи
Следна Статија Тошковски: Ова не е единствената фалсификувана лиценца, има најмалку уште една

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати

Полицијата успеа да го врати поголемиот дел од украдените пари и злато во вредност од вртоглави 65.000 евра, кои пред…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Одложено утрешното рочиште за „Пулс“

Утрешното рочиште на кое треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е одложено поради влошена здравствена состојба…

February 18, 2026
ХРОНИКА

Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?