Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина
СВЕТ

Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Објавено March 20, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги наруши руско-американските преговори за Украина.

„Сето ова јасно го покажува непроменливиот курс на раководството на Европската унија и на мнозинството нејзини членки во насока на поткопување на руско-американските напори за изградба на дијалог за изнаоѓање начин за мирно решавање на украинскиот конфликт“, рече Захарова на брифингот, пренесува РИА Новости.

Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на средбата и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение за украинската криза.

„Оние кои сакаат да постигнат мир во Украина, природно ќе се залагаат за што поскоро прекинување на милитаризацијата на терористичката банда претставена од властите во Киев“, истакна портпаролката на руското министерство и предупреди дека испораката на оружје за Украина „го попречува решението и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот, нагласувајќи дека тие „си играат со оган“, пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Гренланд почна бојкот на американски стоки
Следна Статија Црвен крст: Досега обезбедни 42.7 милиони денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зараза на луксузен брод за крстарење кај Белгија: „Патниците паѓаа како муви“

Патник на крстаречкиот брод P&O Iona изјави за „Скај Њуз“ дека „патниците паѓаат како муви“, додека P&O потврди дека некои…

February 23, 2025
СВЕТ

Лидерите на Хамас го преживеале израелскиот напад во Катар

Два извори од Хамас за Ројтерс изјавиле дека функционерите на Хамас во тимот за преговори за прекин на огнот го…

September 9, 2025
СВЕТ

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези…

December 27, 2024
СВЕТ

(Видео) Њујорк под вода, поплави во метро станиците, луѓето се заглавени во вагоните

Повеќе од 50 милиони Американци низ североистокот се под притисок од поплави, а истите предизвикаа значителни застои во сообраќајот во…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?