Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роднина на хоспитализирано девојче во Австрија: За 15 минути ни беа обезбедени бесплатни летови, сместување и стручна помош, огромна благодарност до Владата и СОЗР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Роднина на хоспитализирано девојче во Австрија: За 15 минути ни беа обезбедени бесплатни летови, сместување и стручна помош, огромна благодарност до Владата и СОЗР
МАКЕДОНИЈА

Роднина на хоспитализирано девојче во Австрија: За 15 минути ни беа обезбедени бесплатни летови, сместување и стручна помош, огромна благодарност до Владата и СОЗР

Објавено March 20, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Сакаме да изразиме многу голема благодарност до дечките од СОЗР и Владата на Република Македонија коишто за 15 минути ни овозможија бесплатни летови, бесплатен хотелски смештај, бесплатен превоз, ни овозможија стручна помош за преведувачи со документи. Значи се, многу добра организација, вели роднина на едно од повредените девојчиња од Кочани кое е пренесено на лекување во Австрија.

Тој во изјава за Сител, појасни дека е дел од семејство коешто е засегнато од настанатиот пожар во дискотеката Пулс и дека моментално се наоѓаат на Универзитетската клиника во Грац, Австрија.

Според него реакцијата на институциите во Македонија била навистина брза, а владините тимови обезбедиле превоз, сместување, како и стручна помош, едноставно се што им било потребно во овие моменти.

Исто така тој апелира до сите семејства да се обратат до институциите за да добијат помош и поддршка.

„Сакам исто така да апелирам до луѓето коишто се засегнати со овој проблем и во оваа ситуација, да не се срамат, да се јават на бројот, да си обезбедат бесплатни сместувања, хотели додека бидат тука нивните дечиња. Во болниците исто така, имаме стручен тим кој се грижи за нас и ни дава информации“, апелира роднината на девојчето.

Тој споделува информации и за самото лекување на пациентите кои се на тамошно лекување, за кое вели дека е навистина до сега прекрасно, а воедно испраќа и огромна благодарност до сите луѓе коишто во огромен број се мобилизирале во Грац и стојат на располагање за секаква помош и поддршка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвен крст: Досега обезбедни 42.7 милиони денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
Следна Статија Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат

Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова

“Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер

Граѓанската иницијатива Охрид SOS алармира дека зад јавната расправа за наводен урбанистички проект организирана од Министерството за транспорт се крие…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот во организација на УМС по повод 34 години од формирањето на…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?