Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани

Објавено March 21, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ.

Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани.

Основниот суд во Кочани, претходно донесе решение со кое се определува 30-дневен притвор за 13 лица меѓу кои и министерот за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот.

Обвинителството и полицијата синоќа спроведоа акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност во пожарот, за што Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира. Со истражните активности до пред приведувањето на тројцата поранешни градоначалници беа опфатени 28 лица.

Веќе е отворена истрага и е определен 30-дневен притвор за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои се осомнични дека како соизвршители,  изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Трајковски.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени. Починатите, кои се на возраст од 16 до 48 години, вчера беа погребани во Кочани, Штип, Струмица и Скопје. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преполовени германските работни дозволи за Македонија и Балканот
Следна Статија „Се уште е критично, но се опоравува“: Тијана Дапчевиќ за здравствената состојба на Панчо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се извини ли Жерновски што ширеше лажна вест за Сиљановска и ,,Восочниот Трамп”

Екс лидерот на ЛДП кој сега е висок функционер на СДСМ а пред неколку месеци беше вратен од амбасадорската позиција…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Во новиот предлог буџет за 2025 година ставките за млади и студентите значително се зголемени

Денес на покана на УМС на ВМРО-ДПМНЕ овде во Ѓорче Петров имаме средба со студенти. Денес го одбележуваме интернационалниот ден…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“

И покрај тоа што предметот „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување во поранешната УБК е застарен веќе речиси две години,…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ги посети повредените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани, по што…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?