Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок
ХРОНИКА

Управител на струмичка фирма затаил над 2,2 милиони денари данок

Објавено March 21, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Управител од Кавадарци и струмичка фирма осомничени за затајување на над 2,2 милиони денари данок.

Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и неговиот управител, 37-годишниот Д.Ј. од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик.

Според пријавата, во периодот од 1 декември 2023 до 31 декември 2023 година, пријавените биле должни како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход од добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, но тоа не го сториле. Исто така, од 1 јануари до 30 април 2024 година, не го уплатиле данокот на лични доходи по други основи во вредност од 351.845 денари.

Дополнително, во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, фирмата остварила приход од приредување игри на среќа во автомат клуб во износ од 6.270.304 денари, од кој биле должни да уплатат 20% посебна давачка во вредност од 1.254.061 денари, но не го направиле тоа.
Со овие незаконски дејствија, осомничените го оштетилe државниот буџет за вкупно 2.232.363 денари.

Истражните органи продолжуваат со собирање на докази, а Основното јавно обвинителство Струмица ќе одлучува за понатамошниот тек на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што е звучен топ за кој српските студенти тврдат дека е употребен на протестите
Следна Статија Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Регистрирале луксузно возило со фалц документи- буџетот оштетен за 30 илјади евра

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи…

March 17, 2026
ХРОНИКА

Судот одреди куќен притвор за возачот кој го усмрти Југослав и побегна

Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека…

July 5, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против екс директорот на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата…

February 5, 2025
ХРОНИКА

Дисциплинска за 11 полицајци во Велес, не постапиле согласно законите на пријавите на убиената Росица

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?