Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
СВЕТ

Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел

Објавено March 23, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид повика синоќа, пред илјадниците демонстранти собрани во Тел Авив, на генерален штрајк доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не го послуша мислењето на Врховниот суд што ја замрзна владината одлука за разрешување на шефот на Шин Бет (внатрешна безбедност).

Демонстрантите вееја знамиња на кои пишуваше „Нема повеќе крвопролевање“ и бараа прекин на војната, за да се обезбеди враќање на околу шеесет израелски заложници кои се уште се држат во Појасот Газа.

Врховниот суд на Израел во петокот ја суспендираше владината одлука за разрешување на шефот на Шин Бет, Ронен Бар, што ги покажа длабоките поделби во општеството.

Судот до 8 април ќе разгледува шест жалби на владината одлука. Премиерот Нетанјаху остана решен да го отпушти Бар.

-Ронен Бар нема да остане на чело на Шин Бет, нема да има граѓанска војна, а Израел ќе остане демократска земја, нагласи синоќа Нетанјаху во видео порака, пркосејќи му на Врховниот суд.

Тој претходно изјави дека Израел е правна држава и дека владата одлучува кој ќе биде шеф на Шин Бет.

Голем број Израелци го осудуваат „автократското однесување на премиерот“, кој ја повикува владата да се состане денеска за да ја покрене постапката за разрешување на главната обвинителка на земјата, Гали Бахарав-Мијара. Таа го предупреди Нетанјаху дека одлуката на Врховниот суд привремено му забранува да назначи нов шеф на Шин Бет. За денеска се најавени демонстрации против разрешувањето на главната обвинителка пред Кнесетот, израелскиот парламент, што е во близина на приватната резиденција на израелскиот премиер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац
Следна Статија Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Маск го нарече советникот на Трамп „идиот“

Илон Маск му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „идиот“.…

April 8, 2025
СВЕТ

Како руските дронови завршија во Полска? Украинците објавија мапа на целите на еден од најмасовните напади на Москва

Украинска веб-страница што анализира разузнавачки податоци објави мапа на која наводно се прикажани рутите на воздушните напади што ги користела…

September 10, 2025
СВЕТ

Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела во САД ќе поднесе тужба против Би-би-си, барајќи отштета од една до…

November 15, 2025
СВЕТ

Трамп укинува 3,3 милиони евра помош за ЛГБТ заедницата на Балканот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да откаже речиси 4,3 милијарди евра средства за странска помош и мировни мисии одобрени…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?