Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме
МАКЕДОНИЈА

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме

Објавено March 23, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме во чест на 30 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Во одделна церемонија која почнува во 11:30 часот по источноамериканско време, Македонците од Њујорк и Њу Џерси ќе извршат свечено подигање на македонското знаме на два јарбола на Волстрит, на плоштадот пред познатата бронзена фигура на бикот.

За одбележување на овој значен јубилеј на македонската независност, Канадско-македонското историско друштво обезбеди „Си-ен“ кулата во Торонто да биде осветлена во црвено и жолто. Илуминацијата ќе почне на зајдисонце и ќе се одвива во интервал од 30 минути секој час во текот на ноќта до изгрејсонце.

Под покровителство на фамилијата Битов, пак, бордот за илуминација на Нијагарините водопади одлучи водопадите да бидат осветлени со боите на македонското знаме вечерва во времетраење од 15 минути со почеток во 23 часот.

-Најсоодветно е кога Нијагарините водопади, признати како седмо светско чудо, ја признава 30 годишницата од независноста на Македонија. Таа нескротлива моќ, убавината и силата на водиопадите се симбол на напорите на мојот татко Џон Битов-постариот, и останати дејци, кои си земаа за обврска да извојуваат глобално признавање и независност земјата во услови на мир, соопшти Јордан Битов.

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, еден од идејните основачи на „Македонија 2025“, почина во 2015 година, е истакнат потомок на македонски доселеници во Северна Америка кој направи клучни напори во движењето за независноста на Република Македонија при крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те, и издејствува признавање на нашата земја од Канада.

Во Њујорк сити, пак, денеска ќе се оддржи свечена церемонија во чест на јубилејот три децении од независноста на нашата земја со подигање на македонското знаме на јарболите на плоштадот пред статутата на бикот на Волстрит.

На свеченоста на која се очекува да дојдат повеќе гости, говор ќе оддржат претставници на Обединета македонска дијаспора и конзулот на Македонија во Њујорк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Германија и требаат 300.000 нови станови годишно
Следна Статија Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара притвор за екс директорите на Онкологија, мерки на претпазливост за обвинетите онколози

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Земјотрес со јачина од околу 4 степени, почувствуван во Македонија

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот. Според првичните информации земјотресот бил со…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поради Задушница, в сабота нема да се одржи „Марш на ангелите“ во Кочани

Поради Задушница, оваа сабота, на 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, соопшти на Фејсбук Здружението на граѓани…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?