Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДРЖАВАТА ДАВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЗА СТРУЈА Објавени детали кој има право и како да аплицира за субвенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ДРЖАВАТА ДАВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЗА СТРУЈА Објавени детали кој има право и како да аплицира за субвенции
ЕКОНОМИЈА

ДРЖАВАТА ДАВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЗА СТРУЈА Објавени детали кој има право и како да аплицира за субвенции

Објавено March 24, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија.

Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна.

Кој има право на финансиска поддршка? Финансиската поддршка е наменета за следните категории граѓани:

Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход во 2024 година на месечно ниво не го надминувал износот од:

– 42.000 денари за домаќинство со два члена,

– 60.000 денари за домаќинство со три члена,

– 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена.

Згрижувачи кои згрижуваат едно или повеќе лица во своето семејство и се корисници на надоместок за згрижување согласно Законот за социјалната заштита, при што нивниот вкупен нето доход на месечно ниво не го надминувал предвидениот праг според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

Износ и времетраење на поддршката

Министерството доделува финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе се доделува во текот на 12 месеци или до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

Лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен додаток за енергенси во согласност со Законот за социјална заштита, како и старите лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјална сигурност на стари лица, не се опфатени со оваа мерка.

Процедура за аплицирање

Рокот за поднесување на барањата изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас. Заинтересираните лица треба да поднесат пополнет образец за барање (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/

Со барањето е потребно да се достават следните документи:

– Изјава заверена на нотар за точност на приложената документација;

– Фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување;

– Фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија;

– Фотокопија од лична карта на барателот;

– Доказ за членовите на домаќинството.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk или контактирајте на ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk за прашања во врска со јавниот оглас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Следна Статија Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Биткоин цена: Пад под $71,000 во азиските часови

Падот беше проследен со остри загуби на азиските и американските технолошки акции, каде загриженоста за врвот на AI инвестициите, истегнатите…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германските општини заработија 430 милиони евра од данокот на кучиња

Во 2024 година, Германија заработи рекорден износ од данокот на кучиња, а околу 430 милиони евра се влеале во буџетите…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поевтини горива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?