Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави
МАКЕДОНИЈА

По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави

Објавено March 25, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот. Забраната е од инспекцијата на Дирекцијата за заштита и спасување која направи контрола на објектот на барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на раководството на театарот, а потоа и на Министерството за култура и туризам.

Уште на 17 март побаравме од Дирекцијата да се изврши вонреден инспекциски надзор за да се констатираат состојбите во стариот објект на театарот „Војдан Чернодрински“. Наредниот ден, на 18 март, од Министерството за култура и туризам стигна барање да се проверат состојбите во објектите од културата. Дирекцијата изврши надзор во текот на вчерашниот ден, 24 март и констатира 15 неправилности во објектот. Усно не информираше дека имаме забрана за настапи во објектот. Во меѓувреме го чекаме решението на ДЗС за да постапиме, рече Михајло Миленкоски, раководител на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

По добивањето на решението од инспекцискиот надзор на ДЗС, театарот во координација со Министерството за култура и туризам ќе чека задолженија колку и дали може да се отстранат недостатоците.

Со години се бара, а и има одредени проектни постапки, за изградба на нов театар во Пирлеп, во рамки на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ
Следна Статија Киднапираните мигранти во Студеничани се спасиле откако испратиле мејл со СОС до македонските служби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма

Шест лица добија кривични пријави од МВР поради здружено манипулирање со документација која му овозможила на едно од лицата, сопственик…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?