Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците
ЕКОНОМИЈА

Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците

Објавено March 25, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање. Како што информираа оттаму, во тек е обемна контрола на издадените лиценци, а во постапка на одземање се 479.

Од досегашните контроли на над 3 100 лиценци се констатира дека кај 479, по нивното издавање, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои ги добиле лиценците и поради тоа се ќе се донесат решенија за нивно одземање. Ќе им се одземе на 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, на 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија, на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 2 правни лица лиценца управител на градба, како и на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови, наведува Министерството.

Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, ЗЕЛС и сите останати засегнати институции за понатамошни постапки.

Министерството најавува дека во следниот период ќе продолжи со контролите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности за да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата, како и за да се овозможи рамноправност за сите правни лица.

Целосната листа на правните лица може да се види ТУКА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возел со 2,60 промили алкохол во крвта, па излетал од пат
Следна Статија Зошто никој не нѐ извести дека осомничениот, кој добро го знаеме, побегнал од Психијатрија, прашуваат од прилепското Социјално

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали XRP се движи кон 1 долар? – Анализа на криптопазарот

XRP доживеа пад од 25% во 2026 година

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Горан Јандреоски нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Во државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, сменети се членови на Надзорниот одбор. Како акционерско друштво поседувано од државата,…

October 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе 9 месеци засилено работиме со Европската Банка за Обнова и Развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лебот во Македонија поскапел за 65%, земјава се најде трето место во Европа по раст на цената

Според податоците на Еуростат, цената на лебот во европските земји значително пораснала во последните пет години. На првото место по…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?