Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани
БАЛКАН

Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани

Објавено March 27, 2025 16:36
Сподели
Сподели

Српските власти реагираа попладнево откако Судот на Босна и Херцеговина побара издавање потерница од Интерпол за Милорад Додик, претседател на Република Српска и Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на РС, осомничени за поткопување на уставниот поредок на БиХ, јави МИА од Белград.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека меѓународните потерници за апсење за Додик и Стевандиќ се уште не се разгледани од Генералниот секретаријат на Интерпол во однос на исполнувањето на условите за нивно објавување.

Тој посочи дека Додик и Стевандиќ се државјани на Србија, а Интерпол Белград испратил протестна нота до Генералниот секретаријат на Интерпол бидејќи со барањата за издавање меѓународни потерници е прекршен член 3 од Статутот на Интерпол.

„Организацијата строго забранува каква било активност или интервенција во прашања или случаи кои имаат политичко, воено, верско или расно потекло“,гласи тој член, се наведува во соопштението објавено од Министерството на чие чело е Дачиќ.

Дачиќ додаде дека Генералниот секретаријат го потврдил приемот на протестот од Интерпол Белград и дека ќе го земат предвид и навремено ќе информира за исходот од разгледувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
Следна Статија Стужанецот Коста со порака до синот на Бучковски: Се уште носам лузна од пендрек од специјалците што ни ги пушти татко ти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Маж нападнал студент во Нови Сад, извадил нож

Денеска пред Медицинскиот факултет во Нови Сад, за време на блокадите, постар маж со нож се обидел да нападне студент,…

January 17, 2025
БАЛКАН

Зетот на Трамп гради луксузен комплекс во центарот на Белград со милијардер од ОАЕ

Зетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер и милијардерот од Обединетите Арапски Емирати Мохамед Алабар заеднички ќе изградат…

January 17, 2025
БАЛКАН

Интерпол наскоро распишува потерница за Милорад Додик?

Претседателот на Република Српска , Милорад Додик, кој беше осуден со правосилна пресуда пред Судот на Босна и Херцеговина за…

March 26, 2025
БАЛКАН

Додик: Специјалци од Британија се испратени во БиХ за да ме убијат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека војници, припадници на специјалните сили од Велика Британија биле испратени во Босна…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?