Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи

Објавено March 27, 2025 18:57
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски денеска го посетија основното училиште „Партенија Зографски“ каде во тек е поставување на фотоволтаичен систем. Станува збор за инвестиција која се реализира во рамки на проект за подобрување на енергетската ефикасност на училишта на територијата на Кисела Вода, Карпош и Зелениково, кој е финансиран од Владата, а го спроведува Центарот за развој на скопскиот плански регион.

Ова не е единствена инвестиција на Владата во подобрување на енергетската ефикасност во образованието. Министерството за образование и наука потпиша договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банката за развој на Советот на Европа, со кој, во 50тина училишта во Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи“, рече Јаневска.

Информираше дека училиштата се веќе мапирани и обезбедена е потребната документација, како и согласности од ЕВН за поставување на системите со кои, како што рече, училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија.

Унапредувањето на енергетската ефикасност на училишните објекти треба да биде заеднички приоритет на централната и локалните власти. Важно е затоа што значи придонес кон заштита на животната средина што е глобален предизвик во чие надминување сите имаме одговорност да учествуваме. Исто така, значи и заштеди на буџетски средства кои можат да се искористат понатаму за други цели и подобрување на други општествени аспекти“, рече Јаневска, додавајќи дека таканаречените зелени инвестиции во минатото недостасувале во општеството и тоа повеќе не смее да биде така.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стужанецот Коста со порака до синот на Бучковски: Се уште носам лузна од пендрек од специјалците што ни ги пушти татко ти
Следна Статија Потона подморница со 40 туристи во Египет: Загинаа најмалку 6 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година до крајот…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?