Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“
МАКЕДОНИЈА

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“

Објавено March 27, 2025 18:55
Сподели
Сподели

По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на хаваријата и констатирал дека има само заматување, односно механичко онечистување. Но, поради бурните реакции и загриженоста на населението, од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, била ангажирана приватна и независна лабораторија за земање мостри од Крива Река која констатирала излевање на опасна течност во водите на реката со алармантно присуство на тешки метали: олово, арсен, цијанид… што се директна закана по здравјето на граѓаните, долготрајни последици и штети по земјоделските поседи, земјоделски и овошни култури во општините Крива Паланка и Ранковце.

Општина Крива Паланка за утре свика вонредна прес-конференција за медиумите на која ќе признае дека истекол цијанид во Крива Река од рудникот „Тораница-булмак“. Долготрајни последици се очекува да има и по посевите на соседната општина Ранковце.

Еко-активистите подолго време вршеа притисок врз локалните власт тоа да го признаат откако на 14 март пукна цевка од флотацискиот дел на еден од најголемите рудници во земјата за олово и цинк и се излеа опасна течност. Алармот се вклучи откако реката доби заматување и сива боја.

„Ве покануваме на прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски по повод хаваријата т.е.инцидентот со излевање на опасна течност од рудникот “Тоарница-Булмак“ во водите на Крива Река, што се случи на 14 март и што предизвика големо заматување и загадување на водата, како и презентација на пристигнатите анализи од мострите земени од водите на Крива Река“, соопштија од таму.

Пукната цевка од флотацискиот дел на рудникот „Тораница-Булмак“ и се излеала опасна течност која завршила во водите на Крива Река. За еколошкиот инцидент алармираа еко-активисти откако забележале дека реката е заматена и добила сива боја, па вршеле притисок врз општина Крива Паланка во јавноста да се објави за еколошкиот инцидент. Тие реагираат дека по инцидентот, инспектор за животна средина на рудникот направил увид на денот на хаваријата и констатирал дека има само заматување, односно механичко онечистување.

– На ден 14.3.2025 година (петок) во рудникот „Тораница“ се случи инцидент на истекување на технолошка вода која се користи во процесот на флотација на олово-цинкова руда. Инцидентот се случил во периодот од 6:30 до 7:00 часот, поради пукање на цевка преку која се доведува технолошка вода од таложникот за јамски води до погонот за флотација. Оваа вода не содржи хемиски средства, бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација. Содржи само механички онечиститувања, односно водата е заматена. Во меѓувреме дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата – се наведува во извештајот од увидот на инспекторот за животна средина на рудникот, кој го доставил до Државниот инспекторат за животна средина – пишува „Вечер“.

Но, поради бурните реакции и загриженоста на населението, од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, била ангажирана приватна и независна лабораторија за земање мостри од Крива Река, со цел, како што велат „да ги докажеме штетите и последиците од големата хаварија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
Следна Статија Пазарот на трудот во Германија во пад: Компаниите планираат нови отпуштања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата

Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите на почеток да се заблагодарам на македонските војници за оваа прекрасна вежба…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВАШИТЕ ДЕЦА СЕ НАШИ ДЕЦА, РЕКОЛ ГЛАВНИОТ ДОКТОР ВО СОЛУН Муцунски ја посведочи грижата што ја добиваат повредените во две солунски болници

Вашите деца се наши деца“ порачал главниот доктор од солунската болница во која се лекуваат повредени од Кочани изјави министерот…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?