Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе презентира нова партиска програма
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе презентира нова партиска програма
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе презентира нова партиска програма

Објавено February 12, 2026 20:45
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека партијата се консолидирала и веќе ја креира новата партиска програма.

Во процес сме на комуникација со членството кој ќе заврши на почетокот или средината на јуни со уште еден програмски конгрес на кој ќе ја презентираме партиската програма – најави Филипче, во гостување на ТВ Канал 5.

Прашан зошто не оди на лидерска средба рече дека СДСМ и „натаму се конструктивна но не и контролирана опозиција“.

Демократијата не смее да се минира и злоупотребува. Тука сме за дијалог за стратешки правци и теми. Една од најсерозните работи е минималната плата за која дадовме предлог во Собранието, рече Филипче, повторувајќи дека има ставки од Буџетот од кои, според него, може да се скратат пари за да се овозможи исполнување на барањето за зголемување на минималната плата.

За тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за спрега на СДСМ со раководството на ССМ рече дека претседателот на ССМ Слободан Трендафилов „го сретнал еднаш пред година и половина и оти немаат никаква комуникација и координација“.

Во коментар на случајот со запланета на марихуана и меѓусебите обвинувања со власта Филипче рече дека додека бил министер за здравство не потпишал измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели. Истакна дека „власта мора да одговори на клучните прашања поврзани со случајот со запленетата дрога во Србија, а која потекнува од Македонија“. Филипче посочи дека институциите не смеат да молчат кога станува збор за сериозен скандал од вакви размери.

Тој праша зошто власта чекала, како што рече, „ваков скандал да биде иницијатива за да се направи проверка“. – Повторно е проблемот во власта која не си ја вршела добро работата две години да ги исконтролира како што треба производителите, рече Филипче.

Кога тој станал министер за здравство, рече дека веќе биле издадени неколку лиценци за канабис и неговата работа ја продолжил согласно позитивните законски прописи.

Прашан дали тој има потпишано никакви правилници во врска со канабисот, Филипче потенцира – ако сум потпишал, ВМРО-ДПМНЕ досега ќе ги извадеше во јавноста.

Бидете сигурен ако сум потпишал, ВМРО-ДПМНЕ досега ќе ги извадеше во јавноста. Така што, што е потпишано, зошто е тоа потпишано, тоа е адресата на која треба да се обратите и да прашате. Јас не сум производител на марихуана и не знам тоа е направено. Тој што го сменил правилникот, прашајте го зошто го направил тоа – рече тој.

Прашан дали тој се оградува од ова и упатува на поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити, Филипче упати да го прашат него и оти не може да одговара за нечии туѓи дејствија.

Како можам јас да одговарам за нечии туѓи дејствија. Можеби има некакви аргументи Фатмир Меџити, прашајте го. Јас не сум експерт ниту во областа. Сметам дека секоја една област која може да се развива, во која треба да се имплементираат законите, која може да придонесе за економијата на земјата иако власта има желба тој бизнис, тој сектор, да го контролира, може да биде добро. Нека се проверат сите аспекти – кај има криминал, кој има направено, нека си одговара согласно позитивните законски прописи – рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје ќе добие нова градска плажа
Следна Статија 23-годишна девојка нападната од својот татко

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Специјален 5-член тим на обвинители ќе ја истражува кочанската трагедија

Од Обвинителството информираат дека е формиран обвинителски тим кој ќе ги утврдува причините за трагедијата во Кочани. Од Обвинителството информираат…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември. Денеска е Св. Јован Златоуст. Свети Јован Златоуст е еден…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Страшно невреме во Скопје: Хаос на улиците, паднати кровови, скршени дрвја

- Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ова се пријавените кандидати за народен правобранител

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?