Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Викендов почнува летното сметање на времето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Викендов почнува летното сметање на времето
МАКЕДОНИЈА

Викендов почнува летното сметање на времето

Објавено March 28, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Летното сметање на времето почнува викендов, ноќта сабота спрема недела во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03.00 часот.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава летното сметање на времето ќе трае до 26 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“
Следна Статија Земјотресот ги задеси во метро, вагонот се лула со сета сила-страшна снимка од Тајланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бендевска наместо Гаши ќе ја предводи делегацијата во Прохор Пчински и во Пелинце

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, потпретседателката…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тестирањата покажаа: Oд Маџари до Скопје со Градски воз ќе се стигнува за 5 минути

За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата…

June 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Нема веќе „по партиска линија“ и „лични интереси“- состојбите во образованието одат кон подобро

Убаво е да се разгледуваат странски искуства, но „научна фантастика е целосно да отсликате туѓ образовен систем во сопствената земја“,…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на самит на ЕПП: Можност за продлабочување на партнерствата и зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека денес присуствувал на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?