Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

Објавено March 30, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми.

– Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во струмичко Ново Село каде вршеше увид во градежните активности на проектот за изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Тој рече дека е подготвен да го прими и да поразговараат на оваа тема.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат
Следна Статија Штета: Калин Ивановски го загуби финалето во Опатија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија вчера на прес-конференција ги соопштени одлуките на Извршиот и на Централниот одбор во врска со…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира…

October 11, 2024
ПОЛИТИКА

Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?