Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку население од 2025 година.
Поразителната проценка на светската организација ја става Македонија на делба на неславното петто место во Европа, кое го дели со Белорусија.
Полоши од нив во овој поглед се само Украина со 61 отсто, Албанија и Литванија со по 57 отсто и Босна и Херцеговина со 56 отсто, а веднаш зад Македонија се Летонија и Молдавија со по 50 отсто, Полска со 49 отсто, Црна Гора со 48 отсто итн.
Од земјите во регионот на Бугарија ѝ се предвидува пад на населението од 47 проценти, Србија 45 отсто, Хрватска 44 отсто, Грција 37 отсто, Косово 35 отсто, Словенија 23 отсто.
Само осум држави во Европа на крајот од векот ќе бидат во плус, и тоа Монако 24 проценти, Луксембург 10 отсто, Лихтенштајн 9 отсто, Велика Британија и Шведска по 7 отсто, Франција 3 отсто и Швајцарија 2 отсто.
Според последниот (фаличен) попис од 2023 година, Македонија има 1,823 милиони жители, што знали дека во 2100 година би имала под 900 илјади.