Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прилепчанка – социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Прилепчанка – социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома
МАКЕДОНИЈА

Прилепчанка – социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома

Објавено March 31, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а по преживеаниот неодамнешен ненадеен мозочен удар, речиси три месеци таа не била ни дома. Се лекувала. Но, нејзината последна сметка за струја е дури 15.000 денари. 69-годишната прилепчанка Ангелина Талеска, која се’ уште незакрепната од болеста што ја снашла, по првичниот шок, сега во очај бара помош за, како што вели, да не плати нешто што не потрошила. А и нема ни од што, бидејќи таа преживува од социјалната пензија од неполни 8.000 денари, пишува Алфа.

„Само една ламба гореше, јас бев на болница месец дена. Месец и пол бев кај брат ми додека идеше масерот. Јас сум сама тука. Два и пол месеци јас не бев тука за олку големи сметки…и да не бидам дома. Струјомерот е во салонот, клучевите беа во мене на болница и никој не може да влезе“ – видно вознемирена раскажува Ангелина Талеска.

Сомневајќи се некој да не крадел струја, или пак инкасаторот да не направил некоја грешка, таа побарала од ЕВН да дојде Комисија и да го провери броилото. Молбата и’ била прифатена и била задолжена за услугата да уплати околу 500 денари, што и го сторила. Но, наместо да дојде Комисија, таа доживеала нов шок. Била исклучена од електричната мрежа, иако други заостанати сметки – нема. По нејзината реакција, следниот ден струјата повторно и’ била пуштена, со образложение дека по грешка била исклучена. Ама, од ветената Комисија до ден-денес нема ниту трага, ниту глас.

Ете, платив и после таа ми вели – не, не ти реков дека за Комисија плаќаш. Ами зошто го платив тоа ?! За да ти ја скини струјата тој. Ами, јас ти ја дадов цела социјална, уште 6.000 и нешто!!! Јас си го платив она дури бев дома. И сега, откако сум дојдена од болница, ми дојде 3.000 денари, зошто…за пет дена 3.000 ?! Другиот ден, си идам од ЕВН, плаќам таму, и на порта гледам – 15.000 белешка ?! И тие што ги платив.. оној дел дури бев дома…?! Јас не знам зошто?! – се прашува очајната Ангелина.

Преплашената Ангелина вели дека само таа си знае како со години врзува крај со крај со мизерната социјална пензија што ја зема. Но, досега не останала должна за ниту една сметка. Ама, овојпат, таа е гневна што од неа се бара, како што вели, да плати нешто што не потрошила, и жали што заради влошената здравствена состојба, немоќна е правдата да ја бара по други институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!
Следна Статија Инспекторите потврдија дека решенијата за градби околу Мавровското Езеро на градоначалникот Куртовски се незаконски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје ќе добие нова градска плажа

Со засилено темпо продолжуваат активностите за уредување на кејот на реката Вардар, проект кој Град Скопје го спроведува со цел…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга, најави Весиќ

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нов современ изглед, проширени капацитети: Вака изгледа новиот проект на Охридскиот аеродром

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, најави вицепремиерот и…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски

Оваа недела ќе ги има шесте биолошки лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, потврди министерот за здравство…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?