Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година

Објавено April 1, 2025 17:48
Сподели
Сподели

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, којашто ги вклучува податоците за последниот квартал од 2024 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава, односно таа да се задржи на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2026 година. За изложеностите кон други земји ќе се применува стапката пропишана од националниот макропрудентен орган.

Со најновите квартални пресметки, вредноста на основниот показател не укажува на знаци на прегревање на кредитниот циклус. Сепак, кредитирањето на претпријатијата и населението забрзува, и тоа поизразено кај корпоративниот сектор. Цените на становите забележуваат променлива динамика, со раст во просек од околу 10%. Банкарскиот систем, според сите показатели, и натаму е стабилен со стабилна и добра солвентност и ликвидност, солидна профитабилност и ниска стапка на нефункционални кредити, а остварувањето на кредитните загуби во кредитното портфолио е ограничено. Од друга страна, ризиците од окружувањето стануваат поизразени, особено геополитичките ризици коишто предизвикуваат и нагорни ризици за инфлацијата. Во услови на поизразени ризици, монетарната политика и понатаму се води на претпазлив начин.

Народната банка во неколку наврати ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот, со што во нашиот банкарски се обезбеди солиден износ на дополнителен капитал врз оваа основа, зајакнувајќи ја на тој начин отпорноста на банките.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување
Следна Статија Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови

Од постојните странски инвеститори во државава лани 38 отсто имале зголемен обем на работа, а 62 отсто намален. Дури 51…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации

192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?