Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци
МАКЕДОНИЈА

Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

Објавено April 2, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. 

Како што информира денеска РЦУК – Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини.

Според информациите од лицето за контакт од Општина Студеничани, интервенираат службите на Општина Студеничани со локалните фирми, а на терен има и претставници од Општина Кисела Вода.

Во текот на ноќта на единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче, каде интервенира Општина Аеродром.

– На поплавените места интервенираат и БППЗ на Град Скопје и јавните претпријатија на град Скопје и единици на локална самоуправа, наведува РЦУК – Скопје. 

АМСМ информира дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче во Општина Аеродром и првиот мост во село Батинци, Општина Студеничани.

ЈСП „Скопје“ известува дека поради поплавите од Маркова Река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.

Железници на Северна Македонија известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај од синоќа, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Садики: Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река
Следна Статија Почина актерот Вал Килмер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Јутарњи лист“ повторно пишува за случајот на протерувањето на Христијан Илиевски

По информациите на македонските медиуми дека Христијан Илиевски, своевремено познат како „крал на местенките“ во италијанската Калчо лига, бил жртва…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поразителни бројки: За 7 години, 17 000 илјади помалку ученици

Поразителни бројки за иднината на државата, бројот на ученици драматично се намалува - за 7 години 17 000 ученици помалку…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Никоклоски денес беше во посета на Маџир Маало заедно со кандидатот за градоначалник за…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?