Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
СВЕТ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Објавено April 2, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Во интервју за ирското радио Newstalk, Лагард изјави дека штетата предизвикана од царините на Трамп зависи од нивниот обем и времетраење, како и од тоа дали тие ќе доведат до успешни преговори.

Според неа, трговските конфликти често се штетни за страната што ги започнала, па често водат до преговори каде ќе бидат укинати некои царини, пренесува Ројтерс.

Пазарите денеска очекуваат нова рунда царини на Трамп, вклучително и 25 отсто царина за сите автомобили произведени надвор од САД, кои најверојатно ќе бидат објавени по затворањето на европските пазари.

Администрацијата на Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини, објави Си-Ен-Ен.

Белата куќа, наводно, размислува за воведување универзални царини од 20 отсто за повеќето увозни производи, но други опции како што се реципрочни царини за секоја земја се уште се на маса, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на три анонимни информирани извори.

Францускиот министер за индустрија Марк Фераси изјави дека Европа ќе одговори пропорционално на очекуваното воведување царини од страна на Соединетите Американски Држави, но дека во никој случај тензиите нема да ескалираат.

„Европа отсекогаш била за преговори и намалување на тензиите, бидејќи трговските војни носат само губитници“, изјави Фераси за радиото RMC, пренесуваат медиумите, а пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија
Следна Статија Убиле старец и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие…

October 16, 2024
СВЕТ

Европската Унија воведува дигитални возачки дозволи и построги правила за возачите

Европската Унија воведува голема реформа на правилата за возачките дозволи, со која се предвидуваат дигитални дозволи на мобилен телефон, построги…

May 7, 2026
СВЕТ

Новиот ирански лидер го почна мандатот со ракетни напади низ регионот

Иран ги одбележа првите часови по назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер со серија ракетни и дронски напади…

March 9, 2026
СВЕТ

Пицерија во Германија доставувала дрога: „Пица брoj 40 беше една од најпродаваните“

Пицерија со седиште во германскиот град Дизелдорф се најде во центарот на полициската истрага за продажба на дрога. Според германската…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?