Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите
ПОЛИТИКА

Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите

Објавено April 4, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан III“ во Софија. Фокусот на средбата бил ставен на трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат, во таа насока двајцата заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Претседателката нагласи дека се можни компромиси и очекува исчекор на тој план, јави известувачот на МИА од Софија.

Во изјава за медиуми по завршување на конференцијата, претседателката Сиљановска Давкова, оддавајќи му признание на Радев истакна дека тој бил првиот претседател којшто утрото по трагедијата во Кочани и се јавил и и понудил секаков вид помош.

-Јас на средбата кажав дека односот на бугарскиот народ, на бугарските граѓани и на сите во регионот, по него српскиот, албанскиот претседаел и сите други, замислете колку е убаво во ваков ужасен свет да бидете соочени со наплив од солидарност и од хуманизам и сите да ви нудат помош, тогаш и проблемите што ги имате меѓусебе ги гледате низ таа призма дека ние не се претставуваме себе, туку граѓаните, рече Сиљановска Давкова.

Таа потсети дека ги посети повредените македонски граѓани кои се наоѓаат во болницата „Пирогов“ во Софија, истакнувајќи дека се забележува напредок во нивната состојба.

-Ако бугарските граѓани во Софија, Пловдив, Варна со редови чекале за да дадат крв и да помогат, јас имав должност прво да ги посетам повредените во болницата. Немам зборови и за министерот за здравство кој ме дочека, и за директорот на болницата и за пофесорката која што беше таму, па и сретнав и македонски лекари кои работат во болницата. Имав прилика да ги видам и родителите, добрата вест е дека има голем напредок, мислам дека уште поголем ќе биде деновиве, значи тоа беше главната тема на средбата со Радев, рече таа, додавајќи дека трагедијата ги зближува луѓето и оти граѓаните од обете страни нема да ја заборават солидарноста.

Претседателката кажа дека на средбата станало збор и за проблемот којшто постои со Бугарија.

-Зборувавме и за Акаба процесот, но и за нашиот проблем којшто постои политички. Не е ова време ниту место, но заклучивме дека треба многу повеќе да се среќаваме и министрите и претседателите, но најважно е и вие новинарите и луѓето од културата, студентите, за да видиме дека бугарскиот напредок е и наш, дека регионалниот напредок е и наш, рече претседателката.

Претседателката нагласи дека се можни компромиси и оти очекува исчекор по ова прашање.

-Ние ги претставуваме граѓаните, мојот легитимитет извира од граѓаните и јас како професорка по уставно право не можам да заборавам на теоријата на мандатот – дека имам право да го правам тоа за што сум добила мандат на изборите од граѓаните, но се разбира дека тука се можни компромиси јас очекувам да исчекориме, подвлече претседателката во изјава за македонски и бугарски медиуми во Софија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори денеска во Софија учествуваше увваше на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Инаку, последната средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев беше на маргините на Конференцијата за климатски промени-КОП29 во Баку, Азербејџан, лани во ноември.

Тогаш од Кабинетот на претседателката информираа дека било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Бугарскиот претседател Радев, пак, укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
Следна Статија Субвенционираната авиолинија Скопје – Дубаи се одложи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

На последната прес-конференција, Главниот обвинител се повика на меѓународни примери – Романија, Бразил и САД – за да ја оправда…

April 19, 2025
ПОЛИТИКА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да предложи нови кадровски решенија по заминувањето на Таравари

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата и мнозинството се стабилни

Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја. Имаме стабилно мнозинство во Собранието, министрите…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

По синот на Фрчковски, уште еден член на СДСМ фатен со дрога?

СДСМ не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови.Нов скандал на повидок од страна на член…

May 11, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?