Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“
МАКЕДОНИЈА

Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“

Објавено April 4, 2025 20:10
Сподели
Сподели

Неколку стотици кочанчани попладнево, како и изминатите денови, одржаа мирен протестен марш, барајќи правда за обезбедувачите од дискотеката „Пулс“ кои се осомничени за трагичниот пожар во кој загинаа 60 млади луѓе.

Поворката, во која беа и роднини на дел од загинатите и повредените, во тишина помина низ градските улици. Организаторите бараат да се преиспита наводната вина на обезбедувачите, кои според бројни сведоштва, кобната ноќ спасиле многу животи.

За утре, пак, во Кочани е најавен „Марш на ангелите“, на кои роднините на настраданите ќе побараат правда за нивните блиски кои трагично загинаа. Според најавата, протестниот марш ќе започне од Градскиот парк и ќе се движи кон Трговскиот центар, зградата на Општина Кочани, полицијата и ќе заврши пред Основниот суд и обвинителството во Кочани.

„Ве известуваме дека маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација“, соопштија организаторите на тој настан.

„Сакаме јасно да потенцираме дека ние сме согласни да се врши снимање на настанот со цел јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај и нема да застанеме ниту за момент“, додаваат тие.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Би-би-си: Ова е крај на ерата на евтини стоки за Американците
Следна Статија Лажирале развод поради данок: Не сакале да платат 700.000 евра, ама ги фатиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот,…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ го избугари извештајот на ЕП за Македонија

Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судијка од Велес времено ќе суди во Кочани поради зголемениот обем на работа

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине Калач од Основниот суд Велес, ќе биде времено делегирана во Судот во Кочани…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?