Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еколошка катастрофа од невидени размери – Преспанското езеро се претвора во бара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еколошка катастрофа од невидени размери – Преспанското езеро се претвора во бара
МАКЕДОНИЈА

Еколошка катастрофа од невидени размери – Преспанското езеро се претвора во бара

Објавено April 7, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Еколошка катастрофа од невидени размери. Преспанското езеро исчезнува, падот на нивото на водата може да се забележи буквално од ден во ден. Тињата и трските забрзано ја заменуваат водената површина. Надлежните тврдат дека се мобилизираат за да го спасат воторото по големина езеро во Македонија, но, конкретен план засега нема.

„Правиме напори максимални за да го спасиме Преспанското Езеро. Денеска сум домаќин на советодавната мисија Рамсар, која на наше барање престојува во верификациона мисија на Преспанското езеро кое со години се соочува со значително намалување на нивото на водата. Овие проблеми не можат да чекаат и затоа потребна итн и координирана акција“, изјави Изет Меџити, министер за животна средина.

За спас на езерото потребна е соработка на трите држави кои го делат. Преку Рамсарската конвенција, меѓународен договор за заштита на водите, ќе се координираат следните активности.

„Сакам да изразам задоволство што владите на Македонија, Албанија и Грција остваруваат исклучително добра соработка околу Преспанското eзеро, кое со својата биолошка разновидност важи за бисер на природата, и би сакала да продолжи овој тренд, и со зголемен придонес на ЕУ, УНДП и ГЕФ, во соработка со трите влади“, рече Флоре Лафаје, претставник на Рамсарската конвенција.

Преспанското езеро е на историски најниска кота откако се прават мерења. Нивото во моментот е дури 6.3 метри под нултата точка, а за една година е намалено за дополнителен половина метар.

Во изминатите 12 месеци исчезнале 125 милиони кубни метри вода или количина еднаква на дури 33 илјади олимписки базени. Водата на одредени места е повлечена и до три километри, во најплитките делови на северната страна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението
Следна Статија „Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жена од Скопје пронајдена мртва во куќа во Гевгелија

Како што информира полицијата вчера во 11.35 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во Гевгелија била…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колони возила од Охрид кон Скопје и од Грција кон Македонија

Крајот на продолжениот празничен викенд попладнево донесе гужви на автопатите низ Македонија. Традиционално многу Македонци заминаа во Грција, а истото…

April 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?