Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи
ХРОНИКА

Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи

Објавено April 7, 2025 20:34
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето, посочуваат, се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

-Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на најголемата американска банка го „одврза јазикот“ против царините на Трамп
Следна Статија (ВИДЕО) Драма во хотелот на Роналдо во Маракеш: Избувна пожар, а гостите бегаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања

Полицискиот началник Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум…

October 18, 2024
ХРОНИКА

ОЈО со детали: Скопјанец под дејство на дрога прегазил жена и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Пожар во свињарска фарма, угинаа животни, а неколку луѓе добија лекарска помош

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?