Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првиот човек на БЈБ потврди: Приведен е директор на здравствена установа поради примање поткуп од 20 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Првиот човек на БЈБ потврди: Приведен е директор на здравствена установа поради примање поткуп од 20 илјади евра
ХРОНИКА

Првиот човек на БЈБ потврди: Приведен е директор на здравствена установа поради примање поткуп од 20 илјади евра

Објавено April 8, 2025 21:38
Сподели
Сподели

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра.

Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра. Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа. Продолжуваме посветено да делуваме во насока на расчистување на корупцијата и организираниот криминал, придонесуваме за обезбедување на правдата, правични и транспарентни институции. Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“, објави на Фејсбук Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност

Претходно денеска МВР, информираше дека се приведени две лица под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска преку соопштение, исто така, реагираше во врска со апсењето на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември Скопје” за примање поткуп. Тој потенцира дека испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности.

Директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи, беше назначен за в.д. директор на Геријатрија во јули минатата година од страна на министерот за здравство Арбен Таравари. Претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најголемите ѕвезди од Македонија и Бугарија ќе играат меч за Кочани
Следна Статија  Нови строги правила во Грција: Ако одите на море погледнете што не треба да правите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, утрово од Јасен после целовечерната борба со шумскиот пожар, рече дека…

August 13, 2025
ХРОНИКА

Лажни дојави за бомби во СЦ „Јане Сандански“ и хотел „Русија“

На 22.11.2025 во 20:51 часот и 21:17 часот на линијата за итни повици 112 се добиени телефонски пријави за наводно…

November 23, 2025
ХРОНИКА

Притвор од осум дена за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К. (20) од Скопје поради сторено кривично дело по…

December 3, 2024
ХРОНИКА

Почина повредениот во престрелката на Бит пазар

Почина повредениот во престрелката кај Бит пазар во непосредна близина на полициската станица кој со тешки повреди беше пренесен на…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?