Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Определен притвор од 30 дена за директорот на Геријатрија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Определен притвор од 30 дена за директорот на Геријатрија
ХРОНИКА

Определен притвор од 30 дена за директорот на Геријатрија

Објавено April 9, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Судот определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и на уште едно лице кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата.

„Се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Основано сомнение дека може да го повторат делото. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопшти Кривичниот суд.

Првоосомничениот, односнот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.3.2025 до 8.4.2025 година, во неколку наврати, директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејство што би морал да го изврши.

Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице што боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.

По неколку дена, добила повик од второосомничениот, кој ѝ закажал средба со директорот на установата на 19.3.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје.

На средбата првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран за што имал податоци и за недвижниот имот што го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан што го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка.

На 3.4.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 4.4.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно, било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот со проверки утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот, тој треба да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра.

Во согласност со овој договор, на 8.4.2025 година жената сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра по што на самото место бил фатен од страна на полициските службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Управител на приватна фирма од Куманово и двајца службеници го оштетиле буџетот за над 22 милиони денари
Следна Статија Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тетовец силувал малолетно девојче

Секторот за внатрешни работи – Охрид соопшти дека се преземаат интензивни мерки по пријава за силување на малолетно девојче во…

November 11, 2025
ХРОНИКА

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Обвинетата докторка онколог Мери Пешевска доби условна казна за скандалот „Онкологија” од 2 години за несовесно лекување болни која нема…

September 22, 2025
ХРОНИКА

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот и неколку службени лица во РЕК Битола-Новаци

Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД…

February 13, 2025
ХРОНИКА

Жена предизвикала експлозија при промена на плинска боца во Кичево

Вчера во 11:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Р.М.(57) од Кичево која во својот дом на улицата „Влашки…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?