Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184
СВЕТ

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

Објавено April 10, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, соопштија властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките тимови се уште се на терен во потрага по тела и можни преживеани, иако никој не бил пронајден жив до вторник попладне, пренесе АП.

„Ние нема да оставиме никого. Продолжуваме да работиме“, рече Мендез.

Несреќата се случила ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, додека стотици луѓе уживале во концертот на познатиот пејач Рубио Перез. Во клубот во тој момент имало музичари, спортисти и официјални лица.

Прво почнала да паѓа прашина од таванот, а потоа се урнал покривот и ги затрупал посетителите со бетонски плочи.

Досега се идентификувани 54 тела, додека најмалку 33 остануваат неидентификувани.

Повеќе од 200 луѓе се повредени, а најмалку 20 лица се хоспитализирани, од кои осум се во критична состојба.

Причината за уривањето на покривот се уште не е позната, а истрагата е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вандализиран споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје
Следна Статија Во близина на Лондон се гради тематски парк базиран на холивудското студио „Универзал“, ќе се отвори во 2031 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Инфлацијата во САД никогаш повисока

Цените во САД минатиот месец пораснаа со најбрзо темпо во изминатите три години, соопшти Бирото за статистика на трудот. Стапката…

June 11, 2026
СВЕТ

Могерини поднесе оставка поради корупцискиот скандал што ја потресе ЕУ

Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа откако беше осомничена во…

December 4, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Вашингтон на нозе: По одлуката на Трамп да ја донесе Националната гарда, луѓето излегоа на улиците

Откако Доналд Трамп најави „историска акција“ што ќе го „врати главниот град“, спонтано започнаа протести во Вашингтон. Демонстрантите носат транспаренти…

August 11, 2025
СВЕТ

Украинците ја нападнаа Русија со дронови; Руски пратеник: Бајден ризикува Трета светска војна

Киев изврши ноќен напад со беспилотни летала на руската област Брјанск, која граничи со Украина, при што единиците за противвоздушна…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?