Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски
МАКЕДОНИЈА

Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Објавено April 10, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски за навремената реакција како што велат и поддршката за случајот за нивната сестра и ќерка.

„Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора. Исто така јавно сакаме да прашаме зошто иницијативи како “Кој е следен” немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а само наводно се борат против трулиот и корумпиран систем. Ги немаше ниту на последното рочиште кога се изрече скандалозната одлука од само 2 години затвор за убиецот на сестра ми Теодора“, вели семејството Ристовски.

Оценуваат дека е доста од лажни иницијативи со скриени агенди каде жртвите се само средство за постигнување на туѓи цели.

Уште еднаш јавно се заблагодаруваме на јасната и искрена поддршка на премиерот Мицкоски, која очигледно дека и веднаш почна да дава резултати. Се надеваме дека будно ќе продолжите да го следите судскиот процес за нашата Теодора“, порачува семејството на Теодора. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Следна Статија Цените на становите во Скопје одат нагоре, поскапени се за речиси 20% од лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како ќе работи системот „сејф сити“: Ќе се казнува и за минување на жолто, „врски“ не проаѓаат

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо,…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Одрони и отежнат сообраќај на повеќе патни правци

Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата по обилните врнежи е стабилизирана во дел од регионите, но и…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети семејството на Иле – херојот возач на Брзата помош кој цела ноќ спасуваше луѓе по пожарот во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?