Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита
МАКЕДОНИЈА

ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита

Објавено April 10, 2025 15:11
Сподели
Сподели

Во просториите на Владата се одржа панел-дискусија по повод историското зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги опфаќа матичните лекари од областа на општата медицина, гинекологијата и општата стоматологија, информира Фондот за здравствено осигурување.

На дискусијата учествуваа директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПРЛМ), Лилија Чолакова-Дервишова, Ирена Алексиоска-Папестиев, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и Лоран Страшевски, матичен стоматолог.

Директорот Клековски потенцираше дека со ова значајно зголемување на капитациониот бод се опфатени над 2.000 склучени договори, од кои околу 200 се со матични гинеколози, додека најголем дел се однесуваат на матични лекари по општа медицина и општа стоматологија. Вкупно се опфатени над 2.500 матични лекари.

„Во изминатата деценија бележиме стагнација и намалување на бројот на матични лекари – само во 2024 година има 30 помалку во однос на 2023. Со оваа мерка интервенираме поради две суштински причини: да го запреме падот на бројот на матични лекари и да го подобриме квалитетот на услугите во примарното здравство. Охрабрени сме и од препораките на СЗО дека државaта одвојува значителни средства за болничко лекување, додека инвестициите во превентивата се недоволни“, истакна Клековски.

Проф. д-р Ирена Алексиоска-Папестијев го нагласи значењето на оваа инвестиција, која ќе овозможи поголема мотивација и ангажман на матичните гинеколози во спроведувањето на скрининг-програми за рана детекција на гинеколошки заболувања. „Со оваа мерка се постигнува долгорочна заштеда за државата, преку намалување на трошоците за третман на пациенти на терцијарно ниво“, истакна таа.

Претседателката на ЗПРЛМ, д-р Лилија Чолакова-Дервишова, изрази задоволство од зголемувањето на капитациониот бод од свое име и од име на сите матични лекари. Таа посебно ја истакна важноста на оваа стимулација за лекарите што работат во руралните средини, каде условите се значително потешки. Исто така, ја потенцираше одличната и континуирана соработка со Фондот за здравствено осигурување при решавање на сите прашања поврзани со работата на матичните лекари.

Матичниот стоматолог, Лоран Страшевски, зборуваше за позитивните ефекти што оваа мерка ќе ги има врз стоматолошката практика. „Зголемувањето на капитациониот бод ќе придонесе за задржување на младите стоматолози во земјава и ќе го намали ризикот од затворање на стоматолошки ординации. Оваа стимулација ќе овозможи модернизација на ординациите преку набавка на современа апаратура и стоматолошки материјали“, нагласи Страшевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД
Следна Статија Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија, одржливи јавни финансии и стабилност

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr. Мицкоски на Фејсбук објави…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над една милијарда евра од наплатени приходи во втората половина од 2024 година во Царинската управа

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?