Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка
ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Објавено April 10, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од здружението Хема – Онко. Според нивните информации тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што тешко болните се оставени без терапијата која им е неопходна, објави ТВ Сител

Тендерот беше многу касно објавен незнам од кои причини е тоа. Ние од почетокот на февруари знаеме дека нема да има доволно терапија. Само се надевам дека откако е започната целата процедура дека ова нема да се оддолжи до после празниците и дека ќе успеат да го завршат до празниците и да не биде после 1 мај, што значи дека пациентите повеќе од месец и половина ќе бидат оставени без терапија, изјави Ана Мајрановиќ, од здружението ХЕМА – ОНКО.

Од Клиниката информираат дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и кон крајот на наредната недела или веднаш после

Велигден ќе се потпишеле договорите со добавувачите за да почнат да ги носат лековите кои недостигаат.

Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија и моментално е на управна контрола во БЈН. По завршуање на административните процедури ќе може да се потпишуваат договорите со добавувачите на лекови, информираат од установата.

Не само за недостиг на биолошки лекови, онколошките пациенти реагираат дека не е исполнето ниту ветувањето во аптека да можат да си ја земаат хормонската терапија за рак на дојка со што малку би се растеретела Клиниката која и понатаму кубури со кадар.

Буџетот се зголеми, огромна благодарност што имаме поголем бузет за онколошките пациенти, меѓутоа сега за сега не осеќаме ништо плус од тоа што ни го зголемија буџетот. Нови вработувања на Клиниката нема иако постојано апелираме дека таму има потреба од дополнителен персонал сеуште не се вработуваат ниту ангажираните со договор на дело, незнам зошто се чека толку долго, вели Марјановиќ, од ХЕМА – ОНКО.

Од здружението кое ги застапува онколошките пациенти велат дека се уште само во најава е и отворањето на одделот во ГОБ “8 септември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Шеваљ од Грчец ужива во Дубаи, лепи пари на забава со Драгана Мирковиќ
Следна Статија Македонија веќе требаше да е во ЕУ, вели унгарскиот министер Бока

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГОРЕЛЕ БАТЕРИИТЕ ИМА ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА БАКАР И ЦИНК Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека нема други отстапувања по пожарот во Трубарево

По анализата на резултатите од сите земени примероци по пожарот во Трубарево, може да се заклучи дека нема отстапување од…

September 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок.На Клиниката за дигестивна хирургија е направена првата…

April 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чибишев алармира: Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот, тој внесен акутно може да го загрози животот

Во Македонија се увезувал мазут кој имал сомнителен квалитет. Значи, овој мазут се користел за разни потреби и при тоа…

March 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани.…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?