Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И во македонското првенство ќе има ВАР систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > И во македонското првенство ќе има ВАР систем
СПОРТ

И во македонското првенство ќе има ВАР систем

Објавено April 10, 2025 20:57
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), соопштија од Федерацијата.

Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.

–Ние сме убедени дека имплементацијата на ВАР системот ќе придонесе кон поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е важен чекор за нашата лига и со него не се обезбедува само поддршка на судиите, туку и создаваме услови за подобро функционирање и на клубовите, во насока на подобрување на постоечката инфраструктура на стадионите и барањата за поставување платформи за ТВ камери, согласно потребите за имплементација на ВАР, вели Дејан Јакимовски – проектен лидер за имплементација на ВАР.

Во рамки на процесот, ФФМ проектниот тим одржува редовни работни сесии со ФИФА. Последниот се однесуваше на програмата за асистенција и одобрување на имплементацијата (IAAP) и споделување на најдобрите практики по однос на ВАР имплементации. Темите кои беа опфатени се однесуваа на технолошката инфраструктура и логистиката потребна за системот, обуката и развојот на судиите за работа со ВАР процесот на одобрување (лиценцирање) според глобалните стандарди на ФИФА.

Тоа значи дека веќе од следната натпреварувачка сезона, ВАР ќе биде дел од натпреварите во Првата МФЛ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Збришана е целата доверба на народот кон вакцините
Следна Статија (ВИДЕО) Цариник отвори куфер на жена пред ќерката – па „пропаднаа во земја“ од срам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Роналдо 8 март го помина со жените на неговиот живот (ФОТО)

Kристијано Роналдо откако избега од војната на Блискиот исток 8 март го помина со жените што најмногу ги сака. Тој…

March 8, 2026
СПОРТ

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ.…

May 22, 2025
СПОРТ

Џајлон Тајсон со победоносна асистенција во триумфот на Кавалерсите

Скратените Кавалерси се вратија во последната четвртина и изненадувачки победија против Филаделфија 76ерси со 117-115

January 18, 2026
СПОРТ

Баерн за Дијаз понуди 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул. Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?