Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра

Објавено April 11, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Некогашната скопска „златна кокошка“ ЈП Водовод и канализација минатата година ја завршил со загуба во работењето од рекордни 256 милиони денари, односно околу 4,2 милиони евра.

Ова е наведено во самиот финансиски извештај на најголемото градско претпријатие за годината 2024. Досега искажаната годишна загуба во работењето никогаш во последно време не била поголема од милион евра, а имало и години кога добивката била околу 2 милиони евра. Од работењето на ЈП Водовод и канализација Скопје зависат и приходите на двете комунални претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“.

Кај наплатата се забележани нешто помали приходи од стопанството, а најголем дел од трошоците се остварени за платите на 1.066 работници како просечен број на вработени во 2024. Вкупните трошоци се зголемиле на 1,9 милијарди денари (31,4 милиони евра) и тие бележат раст од 10,5 отсто споредено со една година претходно.

„Трошоците за вработените учествуваат со 46,65 отсто од вкупните приходи од работењето за 2024 година, а 40,40 проценти во вкупните трошоци од работењето во 2024. Трошоците на вработените, кои се однесуваат на нето платите, придонесите и даноците – односно бруто платата за 2024 година е зголемена за 5,5 отсто во однос на 2023“, се забележува во отчетот.

За нето-плати во 2024 биле поделени 490 милиони денари, споредено со 464 милиони денари во 2023 година. Сепак тука влегува и 13-тата бонус плата за годишен одмор, која е надвор од трошокот за регрес. Чисто за редовно работење биле исплатени 405 милиони денари за нето плати. Според тоа, излегува дека просечната месечна нето плата во „Водовод и канализација“ била 31.660 денари минатата година.

Претходната година загубата на ЈП Водовод и канализација – Скопје изнесуваше 350.000 евра. Последен пат добивка била прикажана за 2020, тогаш од милион евра

Извор: faktor.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прада го купи Версаче за 1,25 милијарди евра
Следна Статија Плаколм: Напредните кандидати како Македонија треба да добијат пристап до програмите на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Наследникот на Ворен Бафет размислува да ги продаде акциите на Kraft Heinz

Новиот извршен директор на Berkshire Hathaway евентуално размислува за својот прв значаен потег по преземањето на должноста.

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?