Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов
ЗДРАВЈЕ

Француско државно одликување како печат на достигнувањата на доктор Николов

Објавено April 11, 2025 10:21
Сподели
Сподели

Доктор Игор Николов е одликуван со орден од Витез на националниот ред за заслуги на Франција. Орденот на Николов му беше доделен синоќа во резиденцијата на амбасадата на Франција во Македонија, настан на кој присуствуваа истакнати личности од општествениот и политичкиот живот.

Contents
Датум за паметењеФранкофонски акцент

Сакам да изразам најискрена благодарност на Француската Република, на нејзините институции и на сите оние кои сметале дека мојата посветеност заслужува вакво признание. Оваа награда не се однесува само на мене, таа го одразува и колективниот труд на сите со кои имав привилегија да соработувам и кои секој ден работат на приближувањето и меѓусебното разбирање помеѓу нашите две нации, рече доктор Николов на синоќешниот настан.

Николов посочи дека во текот на изминатите години, имал можност да даде придонес „градејќи мостови помеѓу нашите култури, зајакнувајќи ги нашите врски во медицината, економијата и дипломатијата, и бранејќи ги вредностите кои длабоко не поврзуваат а тоа се: слобода, еднаквост и братство“.

Во своето обраќање пред присутните во француската резиденција во Скопје, Николов кажа дека оваа посветеност за него е многу повеќе од една задача. Таа, рече Николов, е страст која ја негувам со вера и решителност. За него примањето на овој орден е многу повеќе од едно едноставно признание за постигнатото.

Тоа е и огромна одговорност, да ја продолжам оваа потрага и како амбасадор, да иновирам, да создадам нови можности и да придонесам, постојано и неуморно, за пријателството кое ги поврзува нашите две земји. Ова е поттик да ги зголемиме напорите за оваа прекрасна соработка да продолжи да се развива и напредува, изјави Николов.

Датум за паметење

На 10 февруари годинава, доктор Николов за орденот Витез е информиран од францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Францускиот амбасадор на краток, срдечен начин кој е одлика и на пријателство го известува доктор Николов за одлуката на претседателот на Франција.

Почитуван господине, драг Игор. Со указ на Претседателот на Републиката од 4 февруари 2025, штотуку бевте именуван за витез во Националниот Орден за заслуги. Ова престижно одликување ја наградува постојаноста и квалитетот на услугите што ги имате дадено на нашата земја и приврзаноста што ѝ ја имате покажано. Среќен сум што можам да Ви ги упатам моите најсрдечни честитки за ова заслужено признание што Франција Ви го оддава во оваа прилика, се вели во дописот од амбасадорот Ле Риголер до доктор Николов.

Франкофонски акцент

Француското одликување, поточно именување за витез во Националниот орден за заслуги на Франција за доктор Николов и не е некое изненадување. Листата на причини е долга, но еве само неколку.

Николов е доктор на Клиниката за нефрологија, вонреден професор на Медицинскиот факултет, член на истакнати меѓународни асоцијации, активностите во истите не се добројуваат, а има и богато искуство низ светските клиники. Во Македонија е познат како иницијатор за организирање на здравствениот систем со цел негово подобрување.

Освен во областа на медицината и образованието, како во Македонија, така и во странство, доктор Николов е активен и на локално ниво и тоа како советник за здравствени политики на Премиерот, но и во својата општина каде е претседател на Советот на Општина Бутел.

Образованието на Николов го има франкофонскиот акцент, нешто со што малкумина можат да се пофалат. Доктор Николов како стипендист на Агенцијата за интернационална размена на француската влада во 2006 година завршил магистерски студии на Универзитетот Пикарди во Амиенс, Франција и се стекнува со титулата магистер на медицински науки. Како стипендист на Француското здружение за нефрологија, во декември 2009 година завршил докторски студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот Пјер и Марија Кири – Париз 6 и се стекнал со титулата доктор на медицински науки. Станува збор за Универзитет рангиран на шесто место во Европската унија.

Менторот на неговиот докторат, проф.Маси неодамна беше избран за член на француската Академија за медицина.

Освен усовршувањето во Франција, тој таму и работи. Во периодот ноември 2014 до октомври 2015 е избран за визитинг професор на Факултетот за медицина во Тулуз Рангеј, Франција. Во истиот период бил координатор на проектот за универзитетска соработка и стручна размена на лекари помеѓу Франција и Македонија подржан од Агенцијата на франкофонски универзитети.

Оттука за Николов, пациентите велат дека е одличен доктор студентите дека е најдобар едукатор, а во скопската општина Бутел, каде е претседател на Советот на Општината, констатираат дека е комшија кој постојано и на сите им помага.

Доктор Николов, познат за студентите, пациентите, комшиите, пријателите како Гила за себе знае да каже дека е приврзаник на максимата „Мисли глобално, делувај локално“. Целта му е Македонија да биде подобро општество и подобра држава за живеење. Николов живее со идејата Македонија да биде што поблиска до вистинските вредности. Посветеноста да гради мостови меѓу Македонија и Франција како што кажа и синоќа за него е многу повеќе од една задача, тоа е страст која ја негува со вера и решителност.

Затоа со право за доктор Игор Гила Николов и во оваа прилика кога е одликуван со високо државно француско признание може да се каже дека е почитуван дома, признаен меѓународно!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Таварез со звукот на сирената му пресуди на Партизан
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Европска агенција за лекови: Оземпик може да предизвика многу ретко нарушување поврзано со трајно губење на видот

Лековите за слабеење и дијабетес што содржат семаглутид, вклучувајќи го и добро познатиот Оземпик, се поврзани со зголемен ризик од…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар

Со 27 милиони денари (околу 440 илјади евра) ќе се прави современ, модерен ин витро центар, најави денеска директорката на…

May 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри, неправилност утврдена кај еден оператор со храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските…

January 26, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?