Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници
МАКЕДОНИЈА

Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници

Објавено April 12, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Одржувањето на безбедна и дисциплинирана средина во казнено-поправните и воспитно-поправните установи (КПУ/ВПУ) е од клучно значење за редовното функционирање на затворскиот систем, но состојбите на терен покажуваат сериозни слабости, предупредува Државниот завод за ревизија во својот последен извештај.

Во документот се нотира дека работите на обезбедувањето во затворите ги извршува затворската полиција, која според закон е посебна организациона единица. Но, проблемот започнува со тоа што правната рамка не го дефинира потребниот број на припадници на затворска полиција во однос на бројот на лица лишени од слобода. Со тоа се доведува во прашање безбедноста на установите.

Со состојба на 30 јуни 2024 година, од вкупно 1.293 систематизирани работни места, пополнети се само 744, додека бројот на лица лишени од слобода изнесува 2.712.

Соодносот е алармантен – во Затвор Струмица едно лице од затворската полиција е задолжено за дури 29 осуденици, во КПД Идризово и Затвор Битола за по 20, а во Затвор Скопје за 15. Во високоризични делови на Идризово, ревизијата евидентира дури и сооднос 1:50. што значи дека еден затворски полицаец треба да чува 50 осудени лица.

Поради недостаток на кадар, затворската полиција се соочува со екстремна прекувремена работа. Во 2023 година, за таа намена биле исплатени 23.444.000 денари. Дополнително, поради неплатени обврски и тужби за прекувремени часови, додатоци и превоз, установите исплатиле и 44.472.000 денари по основ на главен долг, 7.953.000 денари за камати, и 65.279.000 денари за судски и извршителски трошоци.

Сето ова сериозно го нарушува физичкото и оперативно обезбедување во затворите и ја компромитира способноста за справување со високоризични ситуации.

Дополнителен проблем е начинот на вработување. Ревизијата утврди дека при прием на нови припадници на затворската полиција не се проверуваат психофизичките способности, иако тоа е предвидено со правилник. Не се спроведуваат ниту безбедносни проверки, со што постои реален ризик од вработување на лица со потенцијален безбедносен ризик.

Непочитувањето на предвидените постапки значи дека нововработените често немаат потребни квалификации и компетенции за ефикасно справување со предизвиците во затворите.

Како чекор напред, во ноември 2024 година, директорот на Управата за извршување санкции донел Правилник за формирање и работа на единици за интервенции. Засега, ваква единица е формирана само во КПД Идризово, како дел од мерките преземени по прогласувањето на кризна состојба во јуни 2023 година.

Овие единици се одговорни за справување со побуни, бегства, пожари, тепачки, и други вонредни ситуации. Формирањето вакви единици, според ревизорите, претставува важен чекор кон зајакнување на општата безбедност, но потребно е тие да бидат системски имплементирани и во другите установи.

Извештајот уште еднаш ја потврдува загрижувачката состојба во македонските затвори. Недостатокот од кадар, нерегуларностите во вработувањето и непочитувањето на законските процедури станаа секојдневие, додека институциите сè уште не успеваат да го решат овој сериозен системски проблем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта
Следна Статија Тонали и Фаџоли повторно под истрага поради нелегално обложување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Наќе Чулев вели дека излегле на виделина причините за елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем

Внатрешните истраги во Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како и известувањата поднесени до ОЈО за грубо кршење…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Алфа го „улови“ Ковачевски во Собранието – не сакаше да одговори како тој како шеф на Груби не е осомничен за аферата „Лотарија“

Како Артан Груби може да е осомничен, а Димитар Ковачевски како негов шеф кој на дневен ред ги ставил точките…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Македонија. Фидани беше избран…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?