Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Њујорк Тајмс: Администрацијата на Трамп развива план за анексија на Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Њујорк Тајмс: Администрацијата на Трамп развива план за анексија на Гренланд
СВЕТ

Њујорк Тајмс: Администрацијата на Трамп развива план за анексија на Гренланд

Објавено April 12, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Долгорочната цел на американскиот претседател Доналд Трамп Америка да го добие Гренланд премина од реторика во официјална американска политика, а Белата куќа разви официјален план да го добие тој арктички остров од Данска, пишува денеска Њујорк Тајмс.

Според планот на Трамп, пишува американскиот весник, САД треба да дојдат до анексијата на Гренланд повеќе со „убедување“, а не „со инвазија“.

Администрацијата на САД ја исклучува можноста за воено преземање на островите, но зборува за користење на „мека моќ“, изјавија за Њујорк Тајмс информирани извори.

Според еден од нив, Вашингтон ќе започне медиумска кампања за да ги убеди 57.000 жители на островот да побараат од САД да го анектира Гренланд. Соговорникот на весникот вели дека рекламирањето на социјалните мрежи може да се искористи за да се влијае на јавното мислење.

Советот за национална безбедност на Белата куќа подготви конкретни упатства за различните агенции за тоа што треба да направат за да го унапредат целокупниот план за анексијата на Гренланд. После тоа, претставниците на американските власти би почнале да кажуваат дека Данска, која е сопственик на островот, не се грижи доволно за неговите жители.

Американските власти, исто така, тврдат дека само САД можат да го заштитат Гренланд од инвазијата на Русија и Кина.

Можно е администрацијата на Трамп да ветува по околу 10 илјади долари годишно на секој жител на островот, што, како што се претпоставува, би ја заменило вкупната субвенција од 600 милиони долари што Данска годишно му ја дава на Гренланд.

Според Њујорк тајмс, некои функционери во администрацијата на Трамп веруваат дека овие трошоци може да се надоместат со приходите од екстракција на природните ресурси на островот, кои вклучуваат минерали од ретки земји, бакар, злато, ураниум и нафта.

Според планот, неколку министерства се мобилизираат зад повеќегодишната желба на Трамп да го добие Гренланд, чија економска и стратешка вредност се зголеми со порастот на температурите што го топат арктичкиот мраз.

Големината на Гренланд од повеќе од два милиони квадратни километри, исто така, му нуди на Трамп, кој претходно градеше на Менхетен, шанса да го постигне она што тој го гледа како еден од најголемите зделки за недвижнини во историјата.

Данските власти гневно инсистираат на тоа дека ретко населениот остров не е на продажба и не може да биде припоено, но Трамп јасно ја изрази својата решеност да го стави под своја контрола.

„Гренланд ни треба за националната безбедност, па дури и меѓународната безбедност, и работиме со сите вклучени да го добиеме“, рече Трамп во обраќањето пред Конгресот минатиот месец, додавајќи: „Ќе го добиеме на еден или друг начин“.

Кон крајот на март, американскиот претседател рече дека е голема веројатноста дека анексијата на полуостровот ќе се случи без употреба на воена сила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО I Нов трипл-дабл на Јокиќ, блескава партија на Дончиќ
Следна Статија Цената на златото урива рекорди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп во 1988-ма го најави тоа што го прави сега (ВИДЕО)

Интервју на Доналд Трамп со Опра Винфри во 1988 година се споделува на социјалните мрежи во кое, како подоцна се…

April 6, 2025
СВЕТ

Автомобилскиот сојуз на Германија ги повикува граѓаните да ги наполнат со гориво резервоарите на автомобилите

Најголемиот автомобилски сојуз, германскиот ADAC, ги повика граѓаните да ги наполнат резервоарите на своите автомобили, затоа што се уверени дека…

June 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Хаос во палатата на Башар ал-Асад: уништен дел од инвентарот, се крадат вредни предмети

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако го освоија Дамаск. Набрзо тие упаднаа во палатата…

December 8, 2024
СВЕТ

(Видео) Трамп: Оставив инструкции во случај Иран да ме убие, тие ќе бидат избришани од лицето на земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?