Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина
СВЕТ

Трамп ги укина царините на мобилните телефони и компјутерите од Кина

Објавено April 12, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги ослободи паметните телефони, компјутерите и другите електронски уреди од новиот пакет тарифи, вклучително и давачките од 145 отсто за кинескиот увоз.

Во известувањето објавено денеска од Царината и граничната заштита на САД се наведува дека ослободувањето ќе важи и за стоките што влегле во земјата или излегле од складиште по 5 април.

Администрацијата на Трамп вели дека електрониката нема да се оданочува ниту според глобалната тарифна стапка од 10 отсто, ниту според повисоката стапка што се однесува исклучиво на кинеските производи.

Одлуката е донесена по бројните предупредувања од американските технолошки компании дека новите царински правила би можеле драстично да ги зголемат цените на уредите, со оглед на тоа што повеќето од нив се произведени во Кина.

Бројни други електронски делови, вклучително и полупроводници, мемориски картички и соларни ќелии, исто така се изземени, во обид на администрацијата на Трамп да се заштити од негативното влијание врз домашната индустрија.

80 отсто од iPhone телефоните наменети за американскиот пазар се произведуваат во Кина, а останатите 20 отсто во Индија. Поради зголемената царинска несигурност, Apple и другите производители, како што е Samsung, со години се обидуваат да ги диверзифицираат производствените синџири со преместување на дел од нивниот капацитет во Индија и Виетнам.

Откако новите царини стапија на сила, Apple, според американските медиуми, ја забрзал испораката на уредите произведени во Индија за да го надомести евентуалниот недостаток.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија
Следна Статија Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Високо збогатен ураниум префрлен од Венецуела во САД

Американското Министерство за енергетика соопшти дека од истражувачки реактор во Каракас биле отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум, во рамки…

May 9, 2026
СВЕТ

Kaко Трамп „прави“ пари и во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, инвестираше огромни суми пари во различни сектори од почетокот на неговиот втор мандат. Критичарите го…

August 26, 2025
СВЕТ

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување…

February 5, 2025
СВЕТ

Зеленски: Од Нова година го прекинуваме транзитот на руски гас во Европа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?