Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција
МАКЕДОНИЈА

Македонски ученици освоија прво, второ и трето место на Олимпијада за роботски спортови во Грција

Објавено April 12, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Прво, второ и трето место освоија македонските ученици од СТЕМ Академијата на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што се одржува на грчкиот остров Крит, кои се натпреваруваа во категоријата петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задача, јави дописничката на МИА од Атина.

Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска, поделени во тимовите „Space walkers“, „Space walkers Jr“ и „Space walkers girls“, предводени од двајца едукатори-тренери, освојувајќи ги првите три места, беа најдобри во конкретната категорија.

Учениците се на возраст од 13 до 18 години, а пред натпреварот од СТЕМ Академијата за МИА рекоа дека нашите тимови учествуваат во најтешката дисциплина петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задачи.

Олимпијадата беше свечено отворена синоќа, ќе трае до 14 април а учествуваат 50 земји и 1800 тимови.

Минатиот викенд, ученици од СТЕМ академијата учествуваа на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина од каде што се вратија со пет награди.

Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, тогаш се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи за преживување на Марс

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Шарената револуција е завршена; наведе пет барања
Следна Статија (ВИДЕО) Омилениот тенисер на Стефан Ѓоковиќ не е татко му

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата

Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: Се чепне ли јазикот, нема веќе Рамковен договор

Тоа што се прави после трагедијата во Кочани е селективна етничка, партиска, политичка поларизација за да се заштитат своите по…

May 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кои бруи јавноста по обелоденувањето…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука

Одма, веднаш на првата владина седница донесовме одлука дека ќе издвоиме почетни 30 милиони денари за да се помогне на…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?