Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година
БАЛКАН

Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година

Објавено April 14, 2025 10:53
Сподели
Сподели

Решени сме да ги исполниме сите обврски и да ги завршиме преговорите за влез во ЕУ во 2027 година, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Брисел.

-Денеска е добар ден, отвораме нови преговарачки поглавја, истакна тој. Ова е исклучително важно во моментов, охрабрен сум од овие случувања, додаде Рама.

Тој му се заблагодари на Кошта за мудроста со која се однесува кон својата земја и регионот.

-Проширувањето со земјите од Западен Балкан е јасна задача за ЕУ, тоа е најважната геополитичка инвестиција во мирот, напредокот и стабилноста на континентот, рече Кошта. Тој додаде дека се чувствува охрабрен од напредокот што Албанија го постигна на овој пат. Нашата цел е да отвориме повеќе преговарачки поглавја со Тирана оваа година, имаме јасен распоред и сакаме да напредуваме. Ова е важно за Албанија и е знак за целиот регион, посочи претседателот на Европскиот совет.

Тој најави дека кон средината на мај ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан. Според него, на денешните разговори со Рама ќе се разговара за подготовките за претстојниот состанок на Европската политичка заедница на 16 мај во Тирана.

-Европа е повеќе од ЕУ, важно е да бидеме обединети, така сме посилни. На светот му треба посилна Европа, резимира Кошта.

Подоцна денеска во Луксембург, каде се состануваат министрите за надворешни работи на ЕУ, е закажана четвртата меѓувладина конференција со Албанија. Тирана започна суштински преговори со ЕУ во октомври минатата година. Денеска е предвидено да започнат преговорите во областа на внатрешниот пазар, која ги опфаќа слободното движење на стоки, работници и капитал, правото на основање и слободата на давање услуги, правото на трговски друштва и правото на интелектуална сопственост, политиката за конкуренција, финансиските услуги и заштитата на потрошувачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата
Следна Статија Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Градоначалник во Босна победи на избори од притвор

Неверојатно, но вистинито – Ибро Берило, градоначалникот на општина Трново во Босна и Херцеговина, повторно победи на локалните избори, иако…

October 7, 2024
БАЛКАН

Црногорел го стеснувал желудникот па умрел, родителите огорчени на клиниката

Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет за смртта на П.Ј.(30) од Улцињ, кој бил лекуван и опериран во приватна…

December 30, 2024
БАЛКАН

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска, јави РТРС. За…

March 13, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија е нападната однадвор и одвнатре

Српскиот претседател Александар Вучиќ на митингот во Јагодина им се заблагодари на сите присутни. „Нашиот народ знае, Србија знае како…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?