Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино
ПОЛИТИКА

Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино

Објавено April 14, 2025 13:16
Сподели
Сподели

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално трошење на народните пари. Денеска објавуваме конкретни факти – со вредности, цени, договори и јасна математика, изјави Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.

Ви ги претставуваме пресметките што покажуваат како ДПМНЕ прави бизнис на грбот на граѓаните на Неготино. Одиме по ред. Ова е Договорот за пазарот во Неготино, класифициран како „урбана опрема“, склучен со една од омилените фирми на ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, во вредност од околу 420.000 евра. На страна 8 од Договорот, во делот за кровопокривачки работи, стои невидена цифра: за набавка и изведба на 1 м² кровен сендвич панел е наплатено 10.000 денари. 10.000 денари за квадрат панел платиле неготинчани?! Да не е златен? Да не го набавија од Белизе?“, праша Костовски.

Во реалноста, додаде тој, на пазарот, во било кој склад во малопродажба цената на 1 м² сендвич панел со дебелина од 5 см, со највисок квалитет, се движи околу 1.000 денари.

„Да ја додадеме и работна рака – уште 1.000 денари. Вкупна цена се доаѓа до 2.000 денари за метар квадратен. Што значи тоа? Разликата до 10.000 денари е 8.000 денари по м², или 130 евра повеќе – за секој квадрат. За вкупно 440 м², тоа се 60.000 евра разлика – само за покривот. Во чии џебови завршиле? Ова не е тендер – ова е грабеж.Цените се тука, бројките се јасни, математиката е немилосрдна“, рече Костовски.

Истакна дека општините на ДПМНЕ вртат тендери со цени што се пет пати повисоки од реалните и рече дека СДСМ бара итна истрага.

„Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не криминални договори“, рече Костовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка, голем е интересот кај компаниите
Следна Статија Осомничениот амбасадор Кучи се врати во Mакедонија: Се бараат мерки за претпазливост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или…

March 13, 2026
ПОЛИТИКА

Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ:

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во целост и навреме го реализираме проектот бесплатни учебници

Во целост и навреме го реализиравме проектот за бесплатни учебници!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на Владата на…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?