Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осомничениот амбасадор Кучи се врати во Mакедонија: Се бараат мерки за претпазливост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осомничениот амбасадор Кучи се врати во Mакедонија: Се бараат мерки за претпазливост
ХРОНИКА

Осомничениот амбасадор Кучи се врати во Mакедонија: Се бараат мерки за претпазливост

Објавено April 14, 2025 14:46
Сподели
Сподели

Актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Кучи, се врати во Македонија. Обвинителството посочува дека за него се бараат мерки за обезбедување на присуство, додека се води постапката.

Тој е последниот 19-ти осомничен во проширената истрага.

Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека ‘Пулс’, соопшти Обвинителството.

Претходно, ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор.

Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени – имаат мерки на претпазливост.

Се води истрага за 47 лица и за три правни лица.

Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија – рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино
Следна Статија Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Понајдени околу 5.500 парчиња пиротехника при претрес во Куманово

На 16.12.2024 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Татко и син од Богданци одгледувале марихуана во специјално опремен шатор

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица,…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Голем пожар спроти Клинички центар (ВИДЕО)

Голем пожар избувна спроти Клинички центар во Скопје. Очевидец кој ја контактираше редакцијата на КУРИР вели дека автомобил е во…

April 10, 2025
ХРОНИКА

Мaж пронајден во бессознание во река во Гевгелија, починал во болница

На 11.10.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода“,…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?