Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

Објавено April 15, 2025 12:32
Сподели
Сподели

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кој се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие неколку дена, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, а се обидуваме да договориме уште најмалку два лета со Ер Арабиaн, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на официјалната владина посета на Обединетите Арапски Емирати.

-Ја продолжуваме посетата на Обединетите Арапски Емирати. Делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицскоски денеска остварува средби со бизнис коморите во двата големи емирати, емиратот Шарџ и емиратот Дубаи. Зборуваме за можностите за инвестиции во Македонија во делот на инфрструктурата, туризмот, во делот на земјоделието. Зборуваме за големите можности што ги носи туризмот во Македонија и планинскиот и езерскиот. Исто така за коридорите 8 и 10 кои се значајни за поврзување за цела Европа, не само за Македонија, ги презентираме пред стопанските комори во Обединетите Арапски Емирати како начин да привлечеме инвеститори во Македонија, рече вицепремиерот Николоски.

Посочи дека и политичкиот дел на посетата е исклучително значаен.

Имавме ислучително добра средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, во текот на утрешениот ден ќе имаме средба со Премиерот, а денеска на ниво на министри ќе бидат потпишани неколку значајни договори за економска, образовна и туристичка соработка, што ќе допринесе за уште побрз развој. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ФлајДубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион како дополнително би се развил туризмот. Со овие средби се надеваме дека ќе се привлечат инвеститори во Македонија, ќе се отворат нови добро платени работни места и државата може да напредува, изјави вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Би-би-си: Кина тргна во офанзива
Следна Статија Мицкоски: Зајакнување на економските врски, трговијата, инвестициите и технолошкиот развој со Стопанската комора на Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Затвореници ќе станат земјоделци – ќе обработуваат земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорот на Управата за извршување…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕВН: Колку и да се жалат граѓаните на високите јануарски сметки за струја, на крај пак ќе си ги платат

На адресата на ЕВН Хоум за само еден месец се пристигнати 1.385 барања за корекција на фактурите за струја. Граѓаните може да…

February 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе од една третина од германските компании планираат отпуштања

Германските компании се соочуваат со уште една тешка година и околу една третина од нив имаат намера да намалат работни…

November 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема зголемување на пензиите за македонските пензионери кои живеат во странство

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?