Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кадиевска Војновиќ ја открива позадината на ,,Војната со царини” на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Кадиевска Војновиќ ја открива позадината на ,,Војната со царини” на Трамп
Blog

Кадиевска Војновиќ ја открива позадината на ,,Војната со царини” на Трамп

Објавено April 16, 2025 11:23
Сподели
Сподели

Во колумна со наслов „КРИПТОМЕРКАНТАЛИЗМОТ“ НА ТРАМП – Трговската војна со војната за доминација на американскиот долар, Кадиевска Војновиќ ја анализира целата кампања на Трамп во економскиот дел ги имаше во фокус тарифите и криптовалутите.

,,Случајно или не, кога стана претседател, во рок од еден месец имаше две значајни објави. Првата, донесе уредба за формирање резерви за криптовалути и акт со кој стабилните монети или криптовалутите врзани за доларот ќе добијат улога во плаќањата. А втората, објави широкораспространети царини за сите држави во светот. Ќе се запрашаме – каква конекција имаат овие две теми?

Додека сите критики се насочени кон Трамп и светот стравува од „ново“ нерационално преструктуирање на глобалната трговија и општо економијата, според мене, тоа е веќе случено.

Преструктуирањето на глобалниот економски и финансиски поредок каков што го знаеме не започна од примената на царините на Трамп. Корените извираат одамна, а позначајно од глобалната финансиска криза во 2009 година и формирањето на БРИКС (иницијално Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а сега во проширен состав со Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати)”, пишува Кадиевска Војновиќ според која Трамп е еднинствениот американски претседател кој отворено кажува дека одржливоста на економијата во САД веќе подолг временски период е доведена во прашање, односно дека ја губат доминацијата како светска економска сила.

,,Федералниот долг на САД достигна 36 трилиони долари или 124% од БДП во 2024 година, а лимитот на задолжување беше подигнат неколку пати во последната деценија. САД во континуитет водат политика на високи буџетски дефицити, кои од 2001 година наваму (откако почна експанзијата на Кина) во просек, годишно изнесуваат 6% од БДП и имаат дефицит на тековната сметка на билансот на плаќањата, којшто во просек, годишно е околу 3,4% од БДП. Со тоа, САД веќе подолг временски период се соочуваат со twin deficits или дефицити – близнаци. За мали економии и за економии во развој ова е проблем, но за економијата во САД која ја има најмоќната валута на светот, ова не претставуваше проблем.

И покрај континуираниот дефицит на тековната сметка, САД имаа комодитет во неговото финансирање преку нето-приливите на странски капитал. Комодитетот извира од доминацијата на американскиот долар како глобална валута, длабоките пазари на капитал во САД и улогата на американските државни обврзници како најбезбедни средства. Сѐ ова ја одржува силна побарувачката за американскиот долар, го прави доларот силен во однос на другите валути, но од друга страна, го прави увозот поевтин, а извозот некурентен, што влијае врз продлабочувањето на трговскиот дефицит.

Интернационализацијата на американскиот долар е сѐ уште висока. Учеството на американскиот долар како резервна валута е 57% во вкупниот износ на алоцирани девизни резерви на крајот од 2024 година, за разлика од 70-те години на минатиот век, кога беше околу 77%. И покрај намаленото учество на доларот (заради диверзификацијата во други валути), тој останува доминантна валута во која централните банки на повеќе земји ги држат девизните резерви. Во однос на меѓународната трговија, околу половина од неа се фактурира во долари, а околу половина од сите меѓународни заеми и глобални должнички хартии од вредност се деноминирани во долари. На девизните пазари, каде што се тргува со валути, доларите се вклучени во речиси 90% од сите трансакции. До неодамна, речиси 100% од трговијата со нафта се одвиваше во американски долари, но во 2023 година една петтина се вршела со други валути. Побарувачката за американските државни обврзници, како најбезбедни средства, од страна на странските институционални инвеститори исто така ја одржува високата побарувачка за доларот (странските инвеститори држат 24% од долгот на САД)”, пишува Кадиевска Војновиќ.

Целата колумна на овој линк на pari.com.mk

КОЛУМНА I „КРИПТОМЕРКАНТАЛИЗМОТ“ НА ТРАМП – Трговската војна со војната за доминација на американскиот долар – Pari.com.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фон дер Лајен: Западот каков што го познававме повеќе не постои
Следна Статија Полицијата уапси возач, управувал со возилото со 2,14 промили алкохол во крвта, удрил во бензиска пумпа, па лажно се претставил дека е од АНБ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Villion: Code announced for Nintendo Switch 2 and Switch, new school RPG from Kouji Okada of Megami Tensei and Persona fame [update: trailer] – Nintendo Everything

January 27: This week’s issue of Famitsu has revealed Villion: Code, which is in the works for Nintendo Switch 2…

January 30, 2026
Blog

Втор ден по ред биткоинот на рекордно високо ниво

Биткоинот достигна рекордно високо ниво втор ден по ред во средата, откако Доналд Трамп ја победи потпретседателката Камала Харис и…

November 7, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Лав – недела, 9 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Лавовите денеска ќе се посветат на освободување од негативни мисли и отворање кон радост. Горделиви,…

February 9, 2025
Blog

Грок ја турка ‘деоблекувачката’ технологија во мејнстрим

Платени алатки кои 'соблекуваат' фотографии биле достапни во потемните агли на интернетот години наназад. Сега Илон Маск преку X отстранува…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?